НАСА сними црвена лавина на Марс (ВИДЕО)

Секоја пролет Сонцето осветлува големи слоеви на цеверниот пол на Марс. Со својата топлина го топи и го дестабилизира мразот и од големи височини паѓаат стопени парчиња кон длабочините на површината на црвената планета.

Вселенското летало „Mars Reconnaissance Orbiter” (MRO) го сними таквото фасцинантно свлечиште на 29.05 обаа година со фотоапаратот „HiRISE“. На фотографијата е прикажан блокот мраз што паѓа на тлото од карпа висока 500 метри, кревајќи голема количина црвеникава прашина.

Снимката беше објавена минатиот вторник од научниците на Државниот универзитет во Аризона, надлежни за работата на HiRISE.

МРО и HiRISE ги воодушевија научниците со нивната слика од површината на Марс. МРО е во орбитата на Црвената планета од 2006 година, а неодамна истражува каде се наоѓаат потенцијалните места за слетување на ракетата „Старсип“ што би можеле да бидат дел од амбициозната мисија на Марс од страна на приватната компанија „SpaceX“ на Илон Маск.

Руските научници ја завршија првата фаза од тестирањето на вакцината за ковид – 19

Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ објави на 12 јули дека е завршено тестирањето на вакцина за ковид-19 од руско производство.

Ова го соопшти Вадим Тарасов, директор на Институтот за транслациона медицина и биотехнологии на првиот медицински универзитет. Клиничкото тестирање на безбедноста на вакцината е вршено на првиот медицински универзитет.

Целта на клиничкото тестирање беше да се провери безбедноста, а не ефикасноста на новиот препарат. Научниците планираат до 28 јули да ја завршат следната фаза клинички тестирања, насочени кон проверка на ефикасноста на новата вакцина. Научниците проценуваат дека масовното производство на препаратот ќе започне до почетокот на септември 2020 година. Неопходно е таа претходно да добие сертификат од руските медицински органи, а тој процес ќе трае неколку дена и ќе биде завршен до почетокот на август.

На гласање задолжително со маска, избирачките места дезинфицирани

Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на КОВИД-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да одат во избирачките места и да гласаат.

Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето, за набљудувачите, како и за гласачите.

– Според протоколот за гласање, најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место ќе бара гласачите да стават заштитна маска.

– По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.

– При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.

– Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

– Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација.

Гласањето на парламентарните избори на изборниот ден 15 јули ќе биде продолжено за два часа и ќе трае до 21 часот.

Гласање според Упаството на ДИК

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а претходно е спроведено темелно механичко чистење и дезинфекција на просториите или објектот за гласање, како и на тоалетите.

Во зависност од можностите и условите пред и во гласачкото место ќе се постават на јасно видливи места едукативно информативни материјали за почитување на заштитните мерки и препораки. Задолжително ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција, ќе се врши редовно, а по можност и зачестено одржување на хигиената. Се препорачува во просториите што ќе се користат како гласачки места прозорците да бидат отворени за време на гласањето или, пак, зачестено да се проветруваат на секој час.

На гласачкото место Избирачкиот одбор задолжително го одржува редот и дисциплината при влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место или објектот, заради почитување на заштитните мерки и препораки, односно запазување на потребното растојание помеѓу лицата при влегување, внатре во просторијата и при излез од гласачкото место, дали е извршена задолжителна дезинфекција на рацете при влез во гласачкото место и задолжителното носење на лична заштитна опрема, односно маска. Во зависност од можностите и условите ќе се постават соодветни ознаки за правецот на движење на гласачите и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на гласачите пред и внатре во гласачкото место.

На секое избирачко место задолжително ќе има средства за дезинфекција и корпа за отпадоци. Лицето кое гласа задолжително мора да носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку носот и устата.

Гласачите мора да држат растојание од 1,5 до 2 метри при влез во избирачкото место и при излез од него. При самото влегување во внатрешниот простор гласачот најпрво ги дезинфицира рацете. По приложување на документот за лична идентификација, накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификација и притоа го запазува минимум потребното растојание од членовите на ИО.

Во гласачкото место ИО не смее да дозволи истовремено присуство на повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање. При напуштање на гласачкото место гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете.

Во Упатството во делот што се однесува на членовите на ИО и сите останати лица на кои им е дозволено да бидат присутни на гласачкото место за време на гласањето и кои го следат гласањето им се препорачува задолжително да ги почитуваат општите заштитни превентивни мерки и пораки. Тие од моментот на влегување на гласачкото место за време на гласањето и по неговото завршување при извршување на работата и работните активности мора да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца. Заштитната маска членовите на ИО мора да ја менуваат на секои четири часа додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење. Членовите на ИО мора да одржуваат физичка дистанца од 1,5 метар.

Членовите на ОИ и сите лица на кои им е дозволено да бидат присутни при отворањето на гласачките кутии и сумирање на резултатите потребно е да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца која треба да изнесува минимум 1,5 метар.

По завршување на изборните активности гласачките места од страна на ДИК ќе бидат темелно механички исчистени и ќе се изврши дезинфекција на просториите и тоалетите.

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Граѓаните на Македонија на предвремените парламентарни избори можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, а 675 жени.

Според статистичките податоци на ДИК, по возраст најмногу или 795 се меѓу 30 и 49 години.

Изборот се прави со заокружување на редниот број пред кадидатските листи на гласачкото ливче, чиј редослед беше утврден со жрепка.

Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА

2 – Политичка партија Демократи

3 – СДСМ и коалицијата „Можеме"

4 – Левица

5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива

6 – Глас за Македонија

7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ

8 – Интегра

9 – Демократска унија за интеграција – ДУИ

10 – Социјалдемократска унија – СДУ

11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија

12 – МОРО работничка партија

13 – Народна партија на Ромите

14 – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија"

15 – Твоја партија

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија", политичката партија Интегра, „Никогаш северна, секогаш Македонија", Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во шестката, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. Твоја партија доставила кандидатски листи за изборните единици 1, 2 и 5, а Народна партија на Ромите само во втората изборна единица. ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици.

Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица е актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски е во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, во изборната единица четири носител ќе биде лидерот на СДСМ Зоран Заев, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, а носител во шестата изборна единица ќе биде лидерот на Беса Билал Касами. Карактеристично за овие листи е тоа што е запазено правилото половина од кандидатите да бидат жени. СДСМ за овие избори направи коалиција со Беса, која на кандидатските листи има 14 члена на партијата.

Носители на листите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска, во двојката Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев, во четвртата изборна единица Александар Николоски, во петтата изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски и во шестата Дафина Стојановска.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е носител на кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми и во првата изборна единица носител е партискиот потпретседател Изет Меџити.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица. Во првата изборна единица носител е Скендар Реџепи, во третата Беким Татеши, во чевртата Валбона Река, а во петтата Сурија Рашити.

Носител на листата со кандидати за пратеници на ДПА во шестата изборна единица е лидерот на партијата Мендух Тачи. Во првата изборна единица носител е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.

Носители на листата на Политичка партија Демократи се во ИЕ 1 – Катерина Тодоровска, ИЕ 2 – Христина Гаши, ИЕ – 3 Жарко Кучишки, ИЕ 4 – Никола Бујуклиев, ИЕ 5 – Јорго Огненовски и ИЕ 6 – Изет Зејделовиќ.

На Левица носител во ИЕ 1 е Димитар Апасиев, во втората изборна единица е Реџеп Исмаил, во третата изборна единица Борислав Крмов, во четворката Бранко Ристов, во петката – Јована Мојсовска и во шестата изборна единица Сенада Ибраимова.

Носител на кандидатската листа на Глас за Македонија во првата изборна единица е Солза Грчева, во втората Адријана Богдановска Тоскиќ, во третата е Лидија Горачинова Илиева, во четвртата Гоце Златев и во петтата Наташа Котлар Трајкова.

Носители на листи на Граѓанско-демократска унија се: во првата изборна единица Ана Глигорова, во двојката Есед Јусуфовски, во третата Петар Колев, во четворката Добре Митрев и во петтата Даниел Јордановски.

На партијата Интегра – Македонска конзервативна партија носители се: во ИЕ 1 – Љупчо Ристовски, во ИЕ 2 – Александар Главинов, ИЕ 3 – Сузана Чесмаџиска, ИЕ 4 – Воислав Зафировски, ИЕ 5 – Николче Талевски и ИЕ 6 – Виолета Србиновска.

Носител на СДУ во првата изборна единица е Петар Богојески, во втората Снежана Костадиноска Милошеска, во третата Војо Беловски, во четвртата Жарко Бошкоски и во петтата Стево Насковски.

На Единствена Македонија носители се: во ИЕ 1 – Биљана Чинго, ИЕ 2 – Јове Кекеновски, ИЕ 3 – Вангел Симев, ИЕ – 4 Јанко Бачев, ИЕ – 5 Ацо Николовски и ИЕ 6 – Љупчо Столевски.

Носители на листи на МОРО – работничка партија во изборна единица 1 – Атанас Трајковски, во втората Горан Зафировски, во третата Светлана Здравковска, во четвртата – Киро Јовчевски, во петтата Жарко Гроздановски и во шестата Иван Јанкуловски.

Народна партија на Ромите има листа во втората изборна единица, а носител е Ѓеѓе Демировски.

Носител на кандидатската листа во првата изборна единица на Твоја партија е Мирјана Најческа, во втората Ѓорѓе Марјановиќ и во петтата Илија Тодоровски.

притисни ентер