Мирис на јагода

Од понеделник до петок во 19:30 часот серијата  Мирис на јагода!

Приказна поттикната од една необична средба, љубов меѓу два различни света.

Асли е скромна девојка која живее со својата мајка. Работи во слаткарница, ужива во  правењето на торти и нивна декорација. Нејзина пасија е уметноста, црта, декорира, дизајнира.. сонува еден ден да се запише на факултет. Гонџа е нејзината најдобра другарка и колешка. Откако ќе останат без работа,  ќе заминат во Бодрум со желба да заработат за време на летото. Нивниот навидум мирен живот ќе се разбранува во само еден миг.  Нема ни да помислат дека тоа лето ќе им го промени животот.

Бурак живее сосем различен живот од Асли. Тој е богат, згоден, син единец.. има се што ќе посака. Забави, девојки, постојано е мета на таблоидите. Негов единствен проблем се неговите родители кои упорно се обидуваат да застане на свои нозе и конечно да застане на чело на компанијата.

Велат дека во животот ништо не се случува без причина... Случајности постојат, но не и во љубовта. Од судбината не се бега, а од љубовта уште помалку. Ќе успее ли Асли да го скроти Бурак?

Дефинитивно, за Асли и Бурак ова ќе биде незаборавно лето со неодолив мирис на јагода.  

притисни ентер