Шпанија прв финалист на Мундобаскетот во Кина

Репрезентацијата на Шпанија во супер изедначено полуфинале по дури две продолженија ја доби Австралија со 95-88 и се пласираше во ново финале на Светските кошаркарски првенства.

Кошаркарите на Австралија имаат за што да жалат, иако водеа цели 39 минути и 50 секунди во регуларните 40 минути од полуфиналето на крајот попуштија, Пети Милс промаши слободно вредно место во големото финале и дозволија мечот да замина во дополнителни 5 минути.

Ниту по првото продолжение немаше победник. Во вторите 5 минути Шпанците предводени од Марк Гасол и Рубио го „скршија“ отпорот на борбените Австралијанци и се изборија за ново финале на Светските шампионати.

Прво име во победничката селекција на Шпанија беше НБА шампионот Марк Гасол со 33 поени, Робио оствари дабл дабл од 18 коша и 12 асистенции. Кај поразената Австралија бекот  НА Сан Антонио Пети Милс постигна 32 поена.

Противник на Шпанија во финалето на Мундобаскетот во Кина ќе биде победникот од второто полуфинале Франција – Аргентина.

притисни ентер