Комета , што не е од Сончевиот систем ,се приближува кон Земјата со огромна брзина (ВИДЕО)

Астрономите забележаа комета која со огромна брзина се приближува кон Земјата и за која претпоставуваат дека не е од Сончевиот систем, пишува New Scientist .

Доколку се потврди дека не е од нашето вселенско подрачје , тоа би бил втор до сега меѓуѕвезден објект. На Земјата ќе и се приближи во декември , но не толку блиску за да претставува опасност.

Научниците од Кримската астрофизичка опсерваторија ја забележаа оваа интересна комета неодамна, на 30 август. Тие веруваат дека доаѓа од правецот на со соѕвездието Касиопеја. Во моментов нема официјално име, па експертите ја нарекуваат објект gb00234.

„Видовме слично тело кон крајот на мај, и се покажа како комета“, го коментира ова откритие астрофизичарот Микеле Банистер од Универзитетот Квинс во Белфаст.

„Сè уште немаме доволно информации за да тврдиме дека станува збор за објект што доаѓа надвор од нашиот Сончев систем“, додаде научникот.

Физичарот Бил Греј, развивач на астрономски софтвер, го моделирал патот на gb00234 и открил дека може да биде таков, освен ако голем дел од раните податоци не биле точни заради неочекувани сили.

„Тоа е или меѓуsвездена комета или комета под силно влијание од негравитационите сили“, рече Греј.

„Двете опции изгледаат неверојатно, па затоа мора да почекаме за повеќе информации“, додаде тој.

Ако станува збор за меѓуsвездена комета, според моделот на Греј, се движи кон Земјата со брзина од околу 30 километри во секунда, и треба да стигне до нас во декември оваа година. Моделот покажува дека оваа блиска средба не треба да биде опасна, бидејќи gb00234 треба да патува покрај нашата планета на растојание нешто помалку од двојно од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.

Астрономите продолжуваат интензивно да ја следат gb00234, а информациите за траекторијата и природата на ова тело наскоро ќе бидат подетални.

притисни ентер