Димитров во Берлин: Не гледам никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ

Во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин, министерот Никола Димитров оствари низа активности и средби за презентирање на македонските аргументи за добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. 

За таа цел, Димитров најпрво имаше обраќање и размена на мислења со релевантни соговорници од неколку државни институции, членови на Бундестаг и на тинк тенк заедницата, за време на работниот појадок организиран од фондацијата Кербер. Потоа, министерот Димитров оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, на која беше направен пресек на постигнатото, актуелните случувања и изгледите во однос на нашите очекувања од октомврискиот Совет на ЕУ. Министерот Димитров изрази благодарност за принципиелната и конзистентна германска поддршка и пријателство и уверување дека во октомври нема да се испушти приликата за заеднички успех. Беа разгледани билатералните односи и можностите за нивно продлабочување особено во делот на економската соработка. Министерот за надворешни работи  Маас ја реафирмираше поддршката за Северна Македонија, истакнувајќи дека е оптимист во однос на очекувањата од Советот на ЕУ во октомври и дека „не гледа веќе никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ".

Димитров: „Оваа година сум чест посетител на Берлин и денес, непосредно во очи на октомврискиот Совет на ЕУ, сум дојден да разменам мислења со нашите германски пријатели и да нагласам уште еднаш дека Северна Македонија претставува недвосмислена можност за заслужен и заеднички успех со ЕУ во октомври. Благодарни сме за германската поддршка и уверени сме дека европската перспектива ќе биде наскоро валидирана и препознаена и од сите останати земји-членки на ЕУ."

Министерот Димитров се сретна и со државниот министер надлежен за Европа, Михаил Рот при што соговорниците разменија мислења околу конкретните реформски резултати што Северна Македонија ги постигна и поширокиот регионален и ЕУ контекст во пресрет на октомврискиот Совет. Агендата Министерот ја продолжи со низа средби со германски пратеници од Бундестаг и тоа: Јосип Јуратовиќ (СПД), Гунтер Крихбаум (ЦДУ, претседавач на Комисијата за ЕУ прашања), Кристијан Петри (СПД), Михаил Куфер (ЦСУ), како и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на Канцеларката Меркел. 

На средбите со германските пратеници кои дадоа јасна поддршка, стана збор за резултатите и напредокот  што земјата го оствари и аргументите зошто позитивната одлука во октомври е заслужена, особено во пресрет на претстојната дебата на Бундестаг на крајот на септември.

И утре, Димитров продолжува со средби со пратеници од германскиот Бундестаг, советникот за надворешна политика на Канцеларката Меркел, како и со претставници на германското Министерство за надворешни работи.

Заев: Да се надминеме себе си и да го договориме Законот за ЈО

Премиерот Зоран Заев нагласува дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека има напр

Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.

Заев ова го кажа денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нова лидерска на настанот на кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски го означија почетокот на еден од трите проекти за кои беа доделени капитални инвестиции за развој преку програмата за рурален развој во Берово и околината.

Нагласи дека има постојана комуникација меѓу претставници на работните групи и додаде дека била најавена можноста и утре тие да се состанат.

-Верувам дека можеме да направиме напори, навистина не сме многу далеку, само треба да се надминеме себеси посебно во услови кога еве предметите се обезбедени и имаат своја иднина. Дајте да испратиме порака до меѓународните партнери од ЕУ дека навистина како што досега се договаравме со консензус да гласаме во Парламентот за сето она што е поврзано со реформите поврзани со ЕУ и овој закон за јавното обвинителство го договориме. Стојам на располагање целосно. Штом работните групи ќе го дадат сигналот до мене и г. Мицкоски и ние да седнеме да го договориме овој закон за јавното обвинителство, рече Заев.

Масовна акција за чистење на скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето

 Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена"-Скопје. 

Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Видео: Колинда облече боксерски ракавици и тренираше со „UFC“ шампионот

Хрватската претседателкаКолинда Грабар Китарович моментално е на турнеја во САД.

Таа во Њу Јорк ќе учествува на 74. заседание на Генералното собрание на ОН но претходно поседи неколку места во Америка.

Таа беше во Кливленд каде се сретна со „UFC“ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.

Миочиќ ја угостил претседателката во теретаната во која тренира а од неа на поклон добил хрватски дрес со број 10.

Потоа Колинда и Стипе облекле боксерски ракавици и направиле мал тренинг.

Еве и видео од тоа како претседателката боксува:

притисни ентер