СДСМ: Градиме по план, изградба на фекална и атмосферска канализација и нов асфалт на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Локалната Власт предводена од СДСМ продолжува со низа активности кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, изјави Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар

Општина Центар го решава долгогодишниот проблем на нашите сограѓани од Маџир маало.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, по добиен грант од нивна страна почнуваме со изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа.

Досега, жителите на оваа стара и позната скопска населба беа приморани да користат септички јами поради неизградената канализациона мрежа.

По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2700 метри квадратни.

Градиме по план и обезбедуваме безбедни и сигурни коловози.

Градоначалникот и советниците во Општина Центар, како и досега продолжуваат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

Зборот важи!, рече Тоновски.

Видео: Јахта на милијардер од 400 милиони долари во близина на Шибеник

Луксузна јахта вредна 400 милиони долари пристигна во близина на Шибеник, Хрватска.

Мегајахтата „ Flying Fox" се поврзува со еден од најбогатите луѓе на светот милијардерот Џеф Безос.

Сопственикот на Амазон Џеф Безос во 2017 година беше прогласен за најбогатиот човек на светот . Според хрватските медиуми оваа мегајахта всидрена кај Шибеник е во сопственост на американскиот милијардер.

Ексклузивната јахта „ Flying Fox"вредна 400 милиони долари е долга 136 метри, опремена е како пловечки хотел. На јахтата има дури 11 кабини со приватни балкони во кои може да преспијат 25 гости.

181 милијарда „тешкиот“ Безос се уште не е фотографиран на јахтата со неговата атрактивна партнерка Лорен.

Фото: Тангите на Карлеуша

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ужива на одморот во Турција, со неа уживаат и нејзините фанови.

Сексапилната Карлеуша со своите жешки фотографии од луксузниот одмор редовно ги импресионираше и инфорормираше фановите на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка секојднево ги информираше следбеници за секојдневните активности и редовно го освежуваше својот профил на Инстаграм со провокативни фотографии.

Нејзините фанови се согласни дека пејачката има нов заштитен знак на плажа а тоа се минијатурните танга бикини.

Провокативната Џеј кеј на плажите во Турција сменила навистина голем број на бикини кои имаат една заедничка работа, сите се минијатурни и долниот дел од костимот за капење е танга.

Видео: Маестралниот Лилард во кошот на Далас испорача 61 поен

Неверојатниот бек на Портланд Демијан Лилард ја обележи ноќта меѓу вторник и среда во НБА лигата.

Предводникот на Блејзерси во големата драма против Далас учествуваше со рекордни 61 поени, Лилард погоди дури 9 тројки.

Популарниот „ Dame time" беше најзаслужниот за триумфот на Портланд над Далас од 134 – 131.

Со импозантното остварување Лилард утрово стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој на две средби во низа постигнал 50 + кошеви.

Претходно Лилард со 51 поен го водеше Портланд до победа над Филаделфија.

На 60 пред крајот резулатот беше израмнет 130-130. Лилард прво погоди неверојатна тројка за водство на Портланд а потоа и му асистираше на Вајтсајд за предност, на крајот ѕвездата на далас Лука Дончиќ погоди едно од двете слободни фрлања за конечни 134-131.

притисни ентер