Канал 5 во Центарот за лица со Даунов синдром

Ведрите насмевки на Никола, Ана и Коста ни посакаа топло добредојде во Центарот за лица со Даунов синдром.

 Возбудени и по малку срамежливи, рака под рака направивме една кратка обиколка во нивното катче кое им го збогатува секојдневието со многу игри и забава.

Денот на 15-годишниот Никола му е најубав кога е исполнет со спорт. Токму просторијата наменета за спортски активност е неговата најомилена. Одлично се снаоѓа во пинг-понг, а обожува и да вежба.

Центарот се протега на два спрата и има капацитет за околу триесетина лица, современо опремен и оспособен за работа и интеракција. За нив се грижат негуватели во две смени, со нив цртаат, пишуваат, играат забавни игри и учат. И стручни лица работат на нивниот физичко-ментален развој и ги подготвуваат за животните предизвици кои им претстојат.

„Имаме богата програма, денот им е исполнет. Стручни лица, дефектолог, логопед, педагог, имаме и спортски работници кои работат со децата. Во попладневните часови имаме и слободни активности, отворени денови за соработка со институции, училишта и граѓани,“ вели Сузана Стојановска, шеф на смена во Центар за лица со Даунов синдром.

Овој објект е всушност дел од новозапочнатиот проект за деинституционализација на социјалните услуги. Преку отворање сервисни центри во повеќе општини, целта е да се работи на комплетна инклузија на лицата со попреченост за на полесен начин бидат прифатени во општеството.

„Јас сум сигурна дека во наредниот период ќе ја добиеме техничката поддршка која што е потребна, тие ги имаат соодветните консултанти, но исто така очекувам и голема соработка од страна на локалните самоуправи со цел имплементација на овие мерки кои што ќе бидат предвидени како развој на социјални услуги најблиску до граѓаните.“ вели  Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

„Во исто време да работиме заедно со заедницата за да можеме и граѓаните да ги внесеме во овие процеси затоа што, верувајте ми, од овие деца овде човек може да научи само да биде подобар човек од тоа што е.“ изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје .

Националната стратегија за деинституционализација почна да се спроведува од минатата година. Тогаш министерството за труд и социјала започна со трансформација на големите институции, а повеќе дечиња со попречености ги вдомија во мали групни домови.

Ким Кардашијан објави дека има кожна болест на лицето , социјалните мрежи експлодираа (ФОТО)

Старлертата Ким Кардашијан ги запали социјалните мрежи кога на нејзиниот Фејсбук профил објави дека има кожна болест .

Ким покажа како изгледа нејзиното лице без шминка заболено од псоријаза . Веднаш по објавата , на Фејсбук доби 12 000 лајкови , а нејзините фанови и честитаат на искреноста и храброска да се покажа кава што е , без шминка .

Старлетата и бизнисменка откри дека со псоријазата почнала да се бори кога имала 25 години , и дека имала и подобри и полоши моменти во борбата со оваа тешка болест.

Старлетата објави и фотографии , кои се непријатни , но искрени. напиша дека сака со нив да им помогнењ на сите кои имаат псоријаза , да не си го кријат телото и да го прифатат какво што е.

Слеп и аутистичен пејач победи на американскиот ,,Суперталент” , публиката во солзи (ВИДЕО)

Младиот музичар Коди Ли , кој е слеп и има аутизам , победи на американското шоу "America's Got Talent" , а неговито емотивен настап расплака милиони гледачи.

Коди Ли на пијано ја изведе „You Are the Reason“ со пејачката номинирана за Греми, Леона Луис. Вештото свирење на пијано на Ли и силниот вокал ги воодушеви публиката и судиите, вклучително и дури и остриот Симон Кауел.

За време на изведбата на дуото, публиката се занесе, а нивната изведба ги разбуди емоциите и кај бројните корисници на социјалните мрежи откако снимката беше објавена на Интернет.

Младиот пејач го привлече вниманието уште од мајскиот настап ,кога ги крена на нозе сите членови на жирито и доби златно копче, кое му го обезбеди финалето.

Како мексиканскиот милионер си го уби со глисер сопствениот 11 годишен син (ВИДЕО)

Хавиер Бурило е 57- годишен мексикански милионер , член на едно од најбогатите семејства, а во неделата е уапсен за убиство на својот 11- годишен син.

Малото момче настрадало од последиците на несреќата , додека било на глисер со семејството со кое се возеле во заливот на Сан Франциско. Американаската полиција соопшти дека милионерот бил уапсен во својата вила во Белведере, но бил пуштен од притвор сдо кауција од милион долари.

Бурило е осомничен од американската полиција за нанесување штета или повреда на дете и за управување со возило под дејство на алкохол, но не и за убиство. Несреќата се случила додека пијаниот Бурило ги возел со глисер 11 годишниот син , кој подоцна починал и постариот 27- годишен син.

Според медиумите, глисерот го удрил бран и го превртел ,а синовите паднале во морето и се нашле под бродот. Бурило од морето го извадил прво постариот син , кој му помогнал да го извадат помалиот и потоа по немирното море стигнале до јахтинг клубот.

Од таму повикале итна помош и полиција , но кога тие дошле , 11 годишното момче починало. Полицијата утврдила и дека милионерот има зголемено количество алкохол во крвта , иако веќе биле поминати неколку часа од несреќата.  

Постариот син на Бурило бил однесен во локалната болница. Во несреќата, тој, наводно, се здобил со сериозни исекотини на ногата. Истражителите исто така го испрашувале, но не се открило што им кажал.

Според медиумите, повеќе детали за смртта на неговиот помлад брат треба да бидат откриени кон крајот на неделава, по обдукцијата и наодите од токсикологија. Не е познато дали синовите на Бурило носеле елеци за спасување кога паднале од бродот.

Инаку Хавиер Бурило постојано живее во Калифорнија , каде има неколку луксузни хотели и 18 врвни ресторани .

притисни ентер