Вработените во СЈО бараат спас кај амбасадорите

Вработените во Специјалнотот јавно обвинителство со соопштение сакаат да  ја изразат разочараностаа поради недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство.

Во продолжение погледнете го целотот соопштение од вработените во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

До:

H.E. Амбасадор Kate Byrnes, Амбасада на САД во Скопје

H.E. Амбасадор Samuel Zbogar, Делегација на ЕУ Скопје

H.E. Амбасадор Dirk Jan Kop, Амбасада на Кралството Холандија Скопје

Г-дин. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија

Г-дин. Зоран Заев, Премиер на Република Северна Македонија

Г-ѓаРената Дескоска, Министер за правда

Ние, вработените во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со особено внимание и трпеливо ги следиме актуелните случувања во однос на политичко-правната дебата која се водиоколу разрешницата за статусот на ова Јавно обвинителство, иднината на предметите коишто се оформени во обвинителството, како и прашањата поврзани за нашиот работен ангажман по евентуално престанување на ова обвинителство.

Во тој контекст, а имајќи ги предвид можните персонални решенија за кои информираат медиумите, сакаме да ја изразиме нашата разочараност поради недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство.

Карактерот на работните задачи кои ги извршуваат најголемиот дел од вработените во обвинителството не е поврзан со јавноста и поради тоа е непознат за граѓаните, но во структурата на обвинителството нашата работа е не помалку важна, со оглед на тоа дека истата се однесува на стручна и техничка поддршка на обвинителскиот и истражителскиот тим. За јавноста е помалку познато дека во рамки на ова Јавно обвинителство освен стручната служба составена од стручни соработници и референти, постои одделение на економисти како стручна поддршка при водење на финансиски истраги, одделение за информатичка технологија, административна служба, служба за односи со јавноста, доставна служба и вработени во возен парк, преведувачи, како и друг помошно-технички персонал.

Сметајќи дека е неправедно ние и нашата досегашна работа да не сме предмет на интерес на општествено-политичките чинители или уште полошо, кога станува збор за нас да се зборува како за обична бројка на која и се придодаваат секакви етикети, сакаме да потсетиме на почетоците на СЈО, кои беа подеднакво тешки, како и состојбата во која се наоѓа обвинителството во овој момент. Во услови кога државата беше соочена со сериозни предизвици за својата иднина и кога функционирањето на институциите на системот беше блокирано во секоја смисла на зборот, во услови кога со месеци ниту една институција не го поддржа формирањето на СЈО и неговото екипирање со стручен и помошен кадар, се охрабривме да бидеме крикот на правдата и да се приклучиме на обвинителскиот тим. Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите, вложувајќи ги своите напори да создадеме нови професионални стандарди што ќе бидат позитивен пример за сите други институции. Неспорен е фактот дека работата на целокупниот тим на СЈО во извештаите на меѓународната заедница беше позитивно оценета како придвижување во насока коностварување на независност и ефикасност на правосудниот систем.Бројот на предмети кои се наоѓаат во фаза на судска постапка, истражна и предистражна постапка неспорно говори за трудот и посветеноста со која работеше целиот тим.

Изминатиот период преку медиумското известување бевме сведоци на преговорите водени од страна на политичките партии за судбината на ова Јавно обвинителство. Иако до пред неколку денови една од спорните точки на преговори беше и статусот на вработените во обвинителството, јасно е дека во овој момент тоа прашање е сосема маргинализирано. Соопштенијата кои до пред извесен период се лиферуваа во јавноста кога се говореше за ова прашање, го потенцираа фактот дека работниот однос на вработените во обвинителството е од времен карактер односно истиот е на определено време поради што е и неопходно истиот да ја следи судбината на институцијата односно да престане заедно со престанокот на постоењето на ова Јавно обвинителство. Во оваа насока, сакаме да потенцираме дека вработувањата во ова Јавно обвинителство се со договори на определено време, но не по желба на работодавачот, туку по сила на Закон за јавнообвинителска служба. Имено, во членот 120-д од наведениот закон е предвидено дека работниот однос на јавнообвинителските службеници во ова Јавно обвинителство ќе биде заснован на определено време, до укинувањето на ова Јавно обвинителство. Ваквата одредба е оправдана од причина што било неопходно да се регулираат работните односи во институција која е од времен карактер и како таква во никој случај не би можела да вработува лица на неопределено време.

Меѓутоа, треба да се има во предвид и постојниот и сѐуште важечки Закон за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Сл.Весник на РМ бр.159/2015). Имено, во членот 21 од истиот закон е наведено дека по укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања. Оттука, јасна е намерата на законодавецот да ги гарантира правата од работен однос на сите оние кои во даден момент конкурирале и се вработиле во ad hoc институција со одреден рок на траење. Тоа значи дека законодавецот при носењето на законот за ова Јавно обвинителство немал намера да им биде прекинат работниот однос на вработените во ова Јавно обвинителство туку истиот предвидел одредба со која би ги инкорпорирал вработените во редовното Јавно обвинителство.Со вака предвидените одредби законодавецот изразил јасна потреба од заштита на правата од работен однос на сите вработени во ова Јавно обвинителство со договори на определено време.

Евентуалната ситуација, а чие настапување е се поизвесно, дека предавањето на предметите кои се водат пред ова обвинителство ќе доведе до беспредметност на неговото постоење директно не засегнува нас и нашите права.

Оттука, секоја намера на преговарачките тимови, која е спротивна на претходно наведените законски одредби ќе ја сметаме како директна повреда на правата од работен однос мотивирана од одмазднички пориви кон вработените и кон сѐшто тие успеале да постигнат во изминатиот период со искреност и со пожртвуваност кон институцијата во која работат, постапувајќи во делокругот на своите работни задачи определени со законите и согласно организационата поставеност во обвинителството.

Во таа смисла, упатуваме апел до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и континуирано следење на неговата работа, која ја помогна изградбата на капацитетите со кои располага обвинителството пред сѐ преку стручно усовршување, обуки и специјализирана едукација на кадарот, внимателно и активно да ги следи актуелните процеси.

Исто така, упатуваме повик до сите политички чинители во своите постапувања да се водат од интересите на државата и од определеноста на граѓаните за нејзиното интегрирање во европските демократски процеси, чиишто основни вредности се владеење на правото и правна држава, непречено и ослободено од политичко влијание функционирање на институциите, како и правна сигурност за сите нејзини граѓани, а своите одлуки да ги носат исклучиво согласно важечките закони и истите да не предизвикуваат сомнеж кај граѓаните дека криминалот, без оглед на сторителот, може да остане неказнет. Секое поинакво однесување би значело определба за безобѕирно укинување на придобивките кои ги остваривме во борбата за правда и еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите.

Fiat iustitia, et pereat mundus !

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван

 Американскиот Конгрес ноќеска го одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што се случи по неколкумесечен застој заради спротиставувањето на тврдото крило во Републиканската партија, јави ДПА.

Во американскиот безбедносен пакет помош, вреден вкупно 95 милијарди долари, покрај Украина, опфатени се и Израел и Тајван, додаде германската агенција. Пакетот помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индо-Пацификот.

За усвојување на законот гласаа 79 сенатори, додека 18 беа против, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.

Според уставната процедура законот сега треба да го потпише и претседателот на САД, Џо Бајден.

-Ќе го потпишам овој предлог-закон и ќе му се обратам на американскиот народ штом ќе стигне утре за да може уште неделава да почнеме со испраќање оружје и опрема во Украина, рече Бајден кратко по гласањето, додавајќи дека сака да започне со испорака на оружје и опрема за Украина оваа недела.

„Со усвојувањето на законодавниот пакет, кој вклучува и милијарди долари помош за Израел и Тајван, американскиот Конгрес ја покажа моќта на американското лидерство во светот“, рече Бајден.

-Ние одлучно се залагаме за демократија и слобода и против тиранијата и угнетувањето, додаде американскиот претседател.

„Овој закон ќе ги направи нашата нација и светот побезбедни бидејќи ги поддржуваме нашите пријатели кои се бранат од терористи како Хамас и тирани како Путин“, рече Бајден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат „за одобрувањето на виталната помош за Украина“.

-Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет, изјави Зеленски, пренесе ДПА.

Претходно вчера, портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, им изјави на новинарите во Вашингтон дека нова воена помош може да биде доставена до Украина „во рок од неколку дена“.

Испораките ќе бидат „засновани на најитните потреби на Украина“, рече Рајдер. „Мислам дека е добра претпоставка да се очекува дека ќе вклучува капацитети за воздушна одбрана, како и артилериска муниција. /МИА

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

притисни ентер