За бесплатно чистење на стрништа во Град Скопје аплицирале 38 земјоделци

Во акцијата на Град Скопје за бесплатно собирање на растителниот отпад од нивите и стрништата за да се спречи нивното палење досега се пријавиле 38 лица од скопските општини, информираат градските власти.

-Во согласност со динамиката и планот на работа изминативе денови се расчистени 25 стрништа. Со пет камиони собрани се вкупно 100 кубни метри растителен отпад, кој е однесен на депонијата „Дрисла". Денеска отпад се собира со помал камион од локации со помало количество отпадоци и се очекува сите пријавени стрништа да бидат расчистени до крајот на оваа недела, соопшти Град Скопје.

Градските власти информираат дека сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го одложи во „Дрисла".

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која почна кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата.

-Поради тоа, во периодот до 30 септември, Градот Скопје ќе им биде на располагање на сите земјоделци кои имаат каков било отпад од берба и со наша помош бесплатно ќе го отстраниме од полињата за да се спречи негово палење, велат од Градот.

Кампањата за едукација од штетните последици од палењето стрништа се спроведува во соработка со градските јавни претпријатија, УНДП и МДЦ-Ти.нет. 

Видео: Колинда облече боксерски ракавици и тренираше со „UFC“ шампионот

Хрватската претседателкаКолинда Грабар Китарович моментално е на турнеја во САД.

Таа во Њу Јорк ќе учествува на 74. заседание на Генералното собрание на ОН но претходно поседи неколку места во Америка.

Таа беше во Кливленд каде се сретна со „UFC“ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.

Миочиќ ја угостил претседателката во теретаната во која тренира а од неа на поклон добил хрватски дрес со број 10.

Потоа Колинда и Стипе облекле боксерски ракавици и направиле мал тренинг.

Еве и видео од тоа како претседателката боксува:

Паника меѓу патниците, авионот паѓал повеќе од девет километри

Патниците не летот на „Делта еирлајнс“доживеале шок затоа што авионот паѓал повеќе од девет километри.

За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл  е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.

Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.

Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.

Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.

Експлозија во Ирак, осум загинати

Во експлозија на минибус пред шиитскиот свет град Карбале во Ирак загинале осум луѓе, соопштија ирачките власти.

Не се знае дали се работи за терористички напад бидејќи се уште никој не преземал одговорност.

Ирак во 2017-та година прогласи победа над терористичката група исламска држава. Меѓутоа тие се уште имаат борци кои се активираат по потреба.

притисни ентер