Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на Катица Јанева

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Согласно член 67 став (2) и член 68 став (2) од Деловникот на Собранието, по барање на 20 пратеници господинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева и тоа инсистираме да биде денес, а не како што најави Талат Џафери за два или три дена, туку денес веднаш да биде свикана итна седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот. Јавноста беше сведок како СДСМ и Талат Џафери ја спасија осомничената Катица Јанева. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената Катица Јанева беше експресно одбиен.

Очигледно СДСМ и Зоран Заев не смеат да ја разрешат Катица Јанева, бидејќи тие се поврзани во најголемата рекетарска афера во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев се должни пред јавноста да дадат одговори на следните прашња.

Зошто СДСМ не сакаат да биде разрешена Катица Јанева иако тоа веќе е констатирано од страна на Советот на јавни обвинители и од Комисијата за прашња на изборите и именувањата ?

Дали Владата на Зоран Заев е во координација и синхронизација со самата Катица Јанева, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и се дел од планот за спас на Катица Јанева?

Дали со штитењето на Катица Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ?

СДСМ и Зоран Заев не може да избегаат од овие прашња колку и да се обидуваат, ниту со тужби ниту со закани. Одговор на овие прашања мора да има.

Ги повикуваме пратеници на СДСМ и владеачкото мнозинство да застанат на страна на законот и правдата и да гласаат за разрешување на осомничената Катица Јанева.

Апелираме и до парламентарното мнозинство и господинот Џафери да престанат со тактизирање и уште денес да се свика итна седница и осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.

Првиот чекор до правна држава е разрешувањето на специјалната обвинителка која вршела рекет Катица Јанева.

Доколу не се случи тоа очигледна е намерата на Зоран Заев и владеачкото мнозинство да не дозволат разрешување на Катица Јанева за незаконско, нестручно и носовесно работење согласно предлогот на Советот на јавно обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот.

СДСМ и Зоран Заев не може вечно да ја штитат Катица Јанева.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

 Во Макеоднија нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. 

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

СДСМ: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.

Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.

Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.

Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.

Почитувани,

И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.

Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.

Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.

За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.

Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.

Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.

Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат.

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Скопје, 28 март 2024

СДСМ

Стоилковски: Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти

Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, ќе ги усвои.

Данела Арсовска сопре градба на две основни училишта, сопре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, на Кисела вода и на Аеродром.

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување на градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени.

Оттука, ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти, и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбрзо таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска.

Во спротивно, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер