РСБСП апелира да се променат навиките и културата во сообраќајот

 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачува дека е крајно време да се променат навиките и културата во сообраќајот и апелира секој учесник во сообраќајот да преземе поголема лична одговорност.

Целосно и безусловно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и максимално да се почитува поставената сообраќајна сигнализација.

Тоа, како што велат од РСБСП, е обврска на секој учесник во сообраќајот без разлика дали станува збор за пешак, велосипедист, мотоциклист, или возач.

-Сообраќајните незгоди, загинати и повредени лица на патиштата се наше секојдневие, а свеста, навиките и културата на однесување во сообраќајот и понатаму не се на потребното ниво. Брзо возење, возење под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните правила и прописи, не користење на сигурносни појаси, употреба на мобилни телефони при учество во сообраќај, неетичко, некултурно, неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму се главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици. Најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура е на ниско ниво и дека недоволно се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но притоа сите ја бараат вината и пропустите кај другите, а истовремено забораваат за сопствената одговорност и сопствениот придонес за побезбеден сообраќај, посочуваат од РСБСП.

Она што дополнително загрижува, додаваат, е фактот што учесниците во сообраќајот во голем дел не се ни свесни за грешките и пропустите кои секојдневно ги прават во сообраќајот и на тој начин одредени опасни појави преминуваат во секојдневна лоша навика која често значи и причина за изгубен човечки живот.

– Последиците од секојдневната слика на која можеме да видиме возачи кои достигнуваат големи и неразумни брзини, во или надвор од населено место, пијани возачи, возачи и патници кои не користат безбедносен појас, непрописно паркирани возила насекаде, мотоциклисти без заштитна кацига, велосипедисти без осветлување во ноќни услови, пешаци кои се движат надвор од тротоарот и кои ја поминуваат улицата таму кај што им е „најзгодно", итн. ги чувствуваат и ги трпат сите учесници во сообраќајот, а цената за тоа е голем број на изгубени човечки животи, потенцираат од РСБСП.

Во Република Македонија, во просек годишно околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6.000 лица се тешко повредени. Само во 2018 година, 133 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5.860 лица се сериозно повредени.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер