Поголема група луѓе нападнале лекари, сестри и болничари во Градската болница во Скопје

Поголема група луѓе нападнале лекари , сестри и болничари во Градската болница „Климент Охридски“ во Скопје.

Во болницата бил донесен пациент со исекотина, а веднаш по него упаднала групата потврдија за Канал 5 од градската болница .

Инцидентот се случил по полноќ од 2 до 3 часот. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент.

 Од утрово градската болница повторно е отворена неофицијално во инцидентот има и приведени , од МВР рекоа дека подоцна ќе соопштат детали за инцидентот

Масовна акција за чистење на скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето

 Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена"-Скопје. 

Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Видео: Колинда облече боксерски ракавици и тренираше со „UFC“ шампионот

Хрватската претседателкаКолинда Грабар Китарович моментално е на турнеја во САД.

Таа во Њу Јорк ќе учествува на 74. заседание на Генералното собрание на ОН но претходно поседи неколку места во Америка.

Таа беше во Кливленд каде се сретна со „UFC“ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.

Миочиќ ја угостил претседателката во теретаната во која тренира а од неа на поклон добил хрватски дрес со број 10.

Потоа Колинда и Стипе облекле боксерски ракавици и направиле мал тренинг.

Еве и видео од тоа како претседателката боксува:

Паника меѓу патниците, авионот паѓал повеќе од девет километри

Патниците не летот на „Делта еирлајнс“доживеале шок затоа што авионот паѓал повеќе од девет километри.

За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл  е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.

Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.

Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.

Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.

притисни ентер