Без струја утре повеќе делови на Скопје

 Без електрична енергија утре во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улиците со броевите: 406, 415, 500 и Т-мобаил Марино, во Општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја денеска во периодот од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ", Општина Аеродром.

Во периодот од 08:30 до 17:00 часот, ќе бидат корисниците од селата Јаболци, Осинчани, Елово, Малчишта, Патишка Река, Црн Брв, Дражилово, Нова Брезница, како и ХПП ПЦЦ Хидро, Сателитскиот центар, Ловиштето „Јасен", Каменоломот „Рудокоп" и останатите стопански и нестопански објекти во тој реон, во Општина Сопиште.

Без струја во период од 08:05 до 15:30 часот, корисниците од улиците 19, 38, 9, 8, 7, 15, 13, 14, ТИРЗ-Пумпа „Илинден", ЗИК- Пумпа Илинден и објектите од непосредна околина, во Општина Илинден.

Во период од 08:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов„, броевите: 25 и 42-а, Јуриј Гагарин броевите: 29 и 35 и хотелот „Гранит", Општина Карпош.

Без струја во период од 09:00 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од улицата „Питу Гули", во Општина Центар, додека во период од 09:00 до 13:00 часот и корисниците од улицата „Михајло Апостолски" (поранешна Каирска) од бројот 2 до бројот 16 и објектите во непосредна близина., во Општина Карпош.

Во период од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата „Скупи" и подулиците: со бројот 12 и 20 и објектите во непосредна близина, во Општина Карпош.

Без струја во период од 09:00 до 12:00 часот, ќе бидат и корисниците во кругот на поранешна „Стаклара" и објектите во непосредна близина, во Општина Кисела Вода.

Фото: Тангите на Карлеуша

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ужива на одморот во Турција, со неа уживаат и нејзините фанови.

Сексапилната Карлеуша со своите жешки фотографии од луксузниот одмор редовно ги импресионираше и инфорормираше фановите на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка секојднево ги информираше следбеници за секојдневните активности и редовно го освежуваше својот профил на Инстаграм со провокативни фотографии.

Нејзините фанови се согласни дека пејачката има нов заштитен знак на плажа а тоа се минијатурните танга бикини.

Провокативната Џеј кеј на плажите во Турција сменила навистина голем број на бикини кои имаат една заедничка работа, сите се минијатурни и долниот дел од костимот за капење е танга.

Видео: Маестралниот Лилард во кошот на Далас испорача 61 поен

Неверојатниот бек на Портланд Демијан Лилард ја обележи ноќта меѓу вторник и среда во НБА лигата.

Предводникот на Блејзерси во големата драма против Далас учествуваше со рекордни 61 поени, Лилард погоди дури 9 тројки.

Популарниот „ Dame time" беше најзаслужниот за триумфот на Портланд над Далас од 134 – 131.

Со импозантното остварување Лилард утрово стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој на две средби во низа постигнал 50 + кошеви.

Претходно Лилард со 51 поен го водеше Портланд до победа над Филаделфија.

На 60 пред крајот резулатот беше израмнет 130-130. Лилард прво погоди неверојатна тројка за водство на Портланд а потоа и му асистираше на Вајтсајд за предност, на крајот ѕвездата на далас Лука Дончиќ погоди едно од двете слободни фрлања за конечни 134-131.

Град Скопје: Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат поволноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад. Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

притисни ентер