Луксузни парчиња од керамика од пред нашата ера пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа во Неготино

Луксузни парчиња од керамика од пред нашата ера се пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште во Неготино.

 Директорката на Музеј на град Неготино, Драгица Чекорова за МИА информира дека во тек се годинашниве археолошки истражувања кои се реализираат од страна на стручен тим составен од археолози, професори и студенти и тоа од НУ Археолошки Музеј на Северна Македонија и Универзитетот од Гдањск од Полска, а партнер во овој меѓународен проект е и општинската установа со која таа раководи.

Како што појасни  д-р Роберт Петковски, раководител на проектот и виш кустос од НУ Археолошки музеј  на Република Северна Македонија, од досегашното истражување констатирано е дека „Градиште – Антигонеа" е раноантичка населба која има хронологија, засега утврдена од 5-4 век п.н.е. до 1-2 век од н.е., иако на самото Градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика.

-Градот интензивно живеел низ овие векови, додека за доцно-античкиот период археолозите се уште немаат податоци, со исклучок на неколку објекти и бедемот. Од досегашните истражувања на овој локалитет се пронајдени голем број на археолошки наоди, претежно од керамика, метал и стакло. Оваа година истражувањата се одвиваат во северниот дел на локалитетот на акрополата во сектор D/5 и квадратите од 1-8, т.е. во сондите во кои се истражуваше во претходните две години, нагласи Петковски.

По претходните припреми на теренот, посочи, косење на тревата, а потоа и корнење, се започна со археолошкото истражување од кое во овој период се пронајдени 14 монети, глава од теракота, бронзена алка, керамички печат, метална пиксида, дел од столб, многу фрагменти керамика меѓу кои и луксузни парчиња од tera sigillata, како и керамика со втиснати печати со флорална декорација и птичји мотиви, тегови и слично.

-Треба да се истакне фактот дека во последниве три години на истражување во квадратите од 1-8 се пронајдени (6) шест печки и (4) четири мелници кои укажуваат дека тука можеби постоела пекарска работилница. Исто така, треба да се истакне дека пронајдените елементи камена пластика (столбови, капители) припаѓаат на постара фаза, т.е. се од хеленистички период и секундарно се употребени во римскиот период при градење на објектите,прецизира Петковски.

Овие денови привршуваат овие археолошки истражувања на локалитетот „Градиште" и се работи на целосно дефинирање на ситуациите и квадратите се припремаат за документирање, вели раководителот на проектот. 

Автобус удрил во брдо, 22 загинати

Најмалку 22 лица загинале, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во Пакистан. 

Автобусот на кого му откажале сопирачките додека се движел по планински пат на северозападот на Пакистан удрил во брдо, соопштила полицијата.

Според полицискиот извештај несреќата се случила во областа Чилас на патот меѓу градовите Скарду и Равалпиниди.

Непристапниот терен и недостатокот на опрема ги отежнуваат напорите на спасувачките екипи при извлекување на повредените.

Со автомобил се забил во џамија

Француската полиција уапсила маж кој со својот автомобил удрил во џамија во местото Колмар на североистокот на Франција, пренесе локалната управа на префектурата О-Ран.

Уапсениот возач на себе имал повредни нанесени со нож, но не е познато дали самиот се повредил или го нападнало друго лице.

Според изјавите на очевидци на несреќата , на кои се повикуваат локалните медиуми , возачот на автомобилот  извикувал „Алах акбар“.

Веднаш по инцидентот полицијата го затворила целиот реон околу џамијата.

Засега не е познато дали нападот е дело на терорист или е обид за самоубиство, наведува „Спутник“.

Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО

Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во  Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал" во Гармишпартенкирхен.

Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во  Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал" во Гармишпартенкирхен каде членовите на комитетот детално се запознаа со начинот на кој функционира НАТО во однос на внатрешните постапки и процедури на земјите членки.

Членовите на комитетот добија информации и искуства и од некои од поновите земји членки на Алијансата како што се Словенија, Словачка и Хрватска во однос на нивниот процес на интегрирање во НАТОи функционирањето како полноправна членка на НАТО.

– Оваа размена на искуства и добри практики ќе биде корисна бидејќи доаѓа во финалната фаза на интеграција во НАТО на нашата земја. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО и тоа е неповратен процес. Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО веќе е завршен во 22 земји членки на НАТО. Преостанатите седум земји членки ќе ја завршат ратификацијата согласно нивните домашни политички процеси, велат од владината прес- служба од каде вечерва информираа за овој треминг семинар.

Оттаму велат дека прашањето на полноправно членство е техничко, односно не се очекуваат никакви проблеми со ратификацијата во која била од земјите, единствено е прашање на време кога тоа ќе се случи, зависно од процедурите на институциите во земјите.

Полноправното членство ќе се заокружи кога ќе се заврши ратификацијата на протоколот во сите земји членки, и финално кога ќе биде ратификуван во нашиот Парламент. Процесите на интеграција на последните земји членки траеле од година до година ипол.

Работниот комитет за НАТО интеграција е интер-институционална работна група која е задолжена за изработка и имплементација на Програмата за континуирани реформи за членство во НАТО. Тоа е оперативното работно тело што ги има обврските за подготвува на Република Северна Македонија за членство во НАТО. /МИА

притисни ентер