Времето сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност.

Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Максималната температурата ќе се движи од 25 до 33 степени, а во Скопје ќе достигне 29 степени

Од УХМР велат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. До недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

притисни ентер