ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ застана во одбрана на криминалот на Јанева

СДСМ застана во одбрана на криминалот на Катица Јанева.

Пратениците под контрола на Зоран Заев одбија да дискутираат за нејзино разрешување иако таа скоро цел месец е во притвор.

Тоа е јасен доказ дека Јанева е под команда на Зоран Заев.

Станува се поочигледна нивната поврзаност во изнудата на пари и политичките притисоци преку злоупотреба на законот и овластувањата на СЈО.

Јасно е како бел ден дека Катица Јанева беше и остана неговата црвена линија.

Заев и СДСМ се во коалиција со криминалот. Заев и СДСМ го штитат и промовираат криминалот. Заев и СДСМ сакаат да обезбедат амнестија на криминалот.

Заев се плаши затоа што знае дека тој е лицето кое се крие зад целиот криминален систем.

Самиот факт што на Катица Јанева и беше оставено простор да делува на слобода додека Боки 13 и Зоки Кичеец беа во притвор говори многу за намерите на власта.

Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева.

Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага.

Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот.

Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил.

Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија.

Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Зградите низ Скопје светнаа во сино во чест на Светскиот ден на детето

Голем број објекти вечерва и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.

Во сино вечерва беа осветлени зградите на Владата, Собранието, ТАВ Македонија со Меѓународниот аеродром Скопје, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, кулите Џевахир, Амбасадата на Италија и други.

20 ноември се одбележува како Светски ден на детето по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.

По повод Светскиоот ден на децата , поддршка даде и премиерот Зоран Заев на Фејсбук кој напиша : ,,Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство.”

Ангеловска:Преку национална стратегија ќе ги подобруваме условите за живот на младите во земјава

Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. 

Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование, ќе се подобрува продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на труд. Ова го посочи министерката за финансии Нина Ангеловска на дебата за буџетот за 2020 година на Македонската телевизија, заедно со премиерот Зоран Заев и уредниците на националните телевизии. 

Ангеловска рече дека индексот на човечки капитал на Светска банка покажува дека денешните деца, согласно условите кои ги добиваат во земјава, во иднина ќе испорачаат само 53% од својата продуктивност. Министерката за финансии посочи дека ова е нешто на што треба да се работи долгорочно за да се смени, а за да се направи тоа треба да се почне уште денес.

-Потребни се вложувања во здравството, образованието и социјалната грижа, што е и фокусот во буџетот за 2020 година. Со креирање на Национална стратегија за човечки капитал ќе имаме таргет дека во следните неколку години да го кренеме овој индекс. Тоа е еден сериозен чекор на национално ниво за да мапираме и видиме што понатаму - рече Ангеловска.

Таа посочи дека со повеќе мерки се таргетираат младите. Ја посочи важноста на дуалното образование, односно практиканството, преку кое младите стекнуваат вештини кои ќе им овозможат побрзо да одговорат на потребите на пазарот на труд. Таа истакна дека ако има отворени 160 илјади работни места, а има голема невработеност кај младите, тоа покажува дека понудата не одговара на побарувачката на вештини на пазарот на труд, соопшти МФ.

Елвин Хасан: Ресен и целата држава се на прав пат од кој не треба да отстапиме

Ресен и целата држава е на прав пат од која не треба да отстапиме, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците Елвин Хасан, која е дел од коалцијата предводена од СДСМ, на трибината „На прав пат" во Ресен.

,,Ми претставува особена чест што сум дел од колаицијата со СДСМ, бидејќи заедно градиме едно општество за сите, концепт што  отсекогаш е поддржуван од Турците, рече Хасан, додавајќи дека градиме општество на сите граѓани, во кое сите граѓани ќе ја чувствуваат земјата како своја.

Според партиското соопштение , Хасан соопшти дека во собранието се разгледува закон за права на помалуборјни заединци, со кој се вклучуваат граѓаните и сите општествени чинители во градење на политиките.

Работиме и на економските политики,  од 2017 имаме повеќе 700 милиони странски директни инвестиции, отворивме над 50 илјади нови работини места, економијата е во пораст и така ќе продолжиме, истакна Хасан, кој е и министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

,,Со вашата поддршка на 12 април ќе ги завршиме почнатите проекти и ќе обезбедиме подобра иднина за сите граѓани, кои и вечерва го покажуваат единството што го градиме по сите градови и села, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците, Хасан.

притисни ентер