Иранка се самозапали откако и беше забранет влез на фудбалски стадион

Жена од Иран на која не и беше дозволен влез на фудбалски стадион во Техеран почина откако се самозапали, соопшти организацијата за човекови права „Амнести Интернејшнл“, пренесува „СНН“.

Дваесет и деветгодишната Сахар Кодајари се соочуваше со обвиненија поради „излегување во јавност без Хиџаб“ кога се обидела да влезе во стадионот „облечена како маж“ во март, според „Амнести“.

– Таа беше запрена и не и беше дозволено да влезе откако обезбедувањето откри дека е жена – соопшти организацијата.

Кодајари се појави во суд во Техеран минатата недела, а потоа се поли со бензин и се запали. Почина во понеделникот, на 9 септември.

Сахар е позната на социјалните мрежи како „сината девојка“, поради боите на нејзиниот омилен фудбалски тим.

Најмногу дожд во Дојран, најмалку Маврово, Прилеп и Крушево

 Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Дојран – 27 литри на метар квадратен и во Струмица -25 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово – 1 литар на метар квадратен и Маврово, Прилеп и Крушево помалку од еден литар.

По 18 литри на метар квадратен наврнале во Гевгелија и Берово, 16 во Куманово, 10 Крива Паланка, седум во Демир Капија, Виница, четири во Скопје Зајчев Рид и два во Охрид.

Утрово најстудено било во Берово каде е измерена температура од 0 степени, а натопло било во, Дојран каде се измерени 13 степени.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини преку целиот ден ќе се задржи со значителна ниска облачност. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно. Температурата ќе достигне 16 степени. 

СМС-пораката на Рускоска ги налути судиите

За судиите ваквото однесување на Рускоска е преседан во правосудниот систем, а за Судскиот совет е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

СМС-пораката на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска дека ќе поведе финансиска истрага против судиите од Апелацискиот суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет", да излезе од притворот во Шутка и да издржува куќен притвор, ги налути апелациските судии.

За судиите ваквото однесување на Рускоска е преседан во правосудниот систем, а за Судскиот совет е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите", е содржина на СМС-порака, како што соопшти Апелацискиот суд, која обвинителката Рускоска ја испратила до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација.

По одржаниот колегиум, Апелацискиот суд објави соопштение во кое изразува став дека однесувањето на Рускоска е директна закана и грубо мешање во работата на судот каде што јавното обвинителство е само странка во постапката.

Колегиумот, како што посочуваат од Апелација, оценил дека искажаните сомневања на Рускоска се паушални, неосновани и грубо мешање во работата на судот.

– Ваквото недолично однесување на јавен обвинител кој раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција, истовремено, претставува директно влијание врз текот на водењето на судските постапки и грубо го нарушува принципот на независноста на судството, како многу важен сегмент на владеењето на правото, а токму тоа може да биде пречка за пристапување на нашата држава во ЕУ, на кое нешто се повикува обвинителката. За горенаведеното писмено се известени и надлежните институции, велат од Апелацискиот суд во Скопје.

По ова се огласи и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде што велат дека реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение очекува судска разврска.

Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.

– Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. 

Од Судскиот совет на Република Северна Македонија, пак, со осуда на однесувањето на обвинителката Рускоска бидејќи, велат, тоа е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите претставуваат грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка, влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи, злоупотреба на правата во судска постапка, недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето судски одлуки и нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото, се наведува во соопштението од Судскиот совет.

И Управниот одбор на Здружението на судиите со најостра осуда за, како што велат, нападите врз судството и судиите од било која страна. Сметаат дека нападите претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето.

Со осуда за изјавата на Вилма Рускоска излезе и адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска бидејќи, како што вели, таа е непримерна, недозволена и е притисок врз судството.

Премиерот Зоран Заев не сакаше да ја коментира вчерашната најава на обвинителката Вилма Рускоска.

– Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на веб-платформата „Отворени финансии".

Од Апелацискиот суд велат дека одлуката за Јанева да замине во куќен притвор е донесена поради фактот што истражната постапка за „Рекет" е завршена, има обвинение, како и поради нејзината нарушена здравствена состојба.

Јанева, како што посочуваат оттаму, има забрана за комуникација со лицата опфатени во случајот „Рекет", одземен ѝ е пасошот, забрането е да ѝ се издаде нов, а изречена ѝ е забрана за напуштање на државата и со лична карта.

Апелацискиот суд завчера ја уважи жалбата на Јанева и ѝ одреди мерка куќен притвор, по што таа ја напушти „Шутка" и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Во куќен притвор од 24 септември е и второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец, а во затворот во Шутка остана првоосомничениот во „Рекет" Бојан Јовановски.

Првото судско рочиште за случајот „Рекет" во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 3 декември./МИА

Обука за сајбер безбедност за ученици, наставници и родители

Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер инциденти кај учениците од основно образовие

 Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморфозис.

На обуката најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Фондацијата Метаморфозис Бардил Јашари и Клеменс Која, амбасадор на ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер инциденти кај учениците од основно образование./МИА

притисни ентер