Ким Кардашијан заработи два милиона долари за неколку минути

Старлетата Ким Кардашијан повторно покажа дека знае како да заработи милиони .

Американските медиуми пишуваат дека Ким за самио неколку минути заработила 2 милиона долари од својот нов производ ,,Скимс” , кој веќе е распродаден.

,,Скимс” е име за корсети , кои ги измислила старлетата. Тие се произведуваат во разни нијанси на боја на кожа и во повеќе облици.

Жените полудеа по специјалниот корсет, надевајќи се дека конечно ќе имаат тесна половина и голем задник како Ким Кардашијан. Старлетата никогаш не криела дека под секој фустан носи корсет, така што нејзиното тело има најдобра можна форма.

Сестрите на старлетата и  помогнаа во промовирањето на корсет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@skims now available at Skims.com ✨

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Shop @SKIMS now at www.skims.com. #showyourskims

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Глобалната продажба на автомобили опаѓа втора година по ред, слична е прогнозата и за 2020

Аналитичарите прогнозираат дека и 2020 ќе биде тешка година за автомобилската индустрија.

Ширум светот во 2019 година продадени се 90,3 милиони нови автомобили, покажуваат податоците кои ги објави „LMC Automotive“, што е голем пад во однос на 2018 кога се испорачани 94,4 милиони и рекордната 2017 година кога глобалната продажба изнесувала 95,2 милиони возила.

За ваквиот голем пад на продажбана „најзаслужна“ е Кина, каде заради забавување на економскиот раст се забележани дури 2,3 милиони новорегистрирани автомобили помалку отколку година дена порано.

Повикувајќи се на прогнозите кои ги објави „LMC Automotive“,„CNN“ наведува дека глобалната продажба на нови автомобили би можела да падне и под 90 милиони возила.

Фото: Американците направија дрон што изгледа како вистинска птица

 Американците направија дрон што изгледа како вистинска птица со био-хибридни крилја и вистински пердуви, овој дрон тестира нов начин на летање беспилотни летала.

Овој птица дрон може да се покаже како корисна иновација кога станува збор за беспилотните летала.

„Мојата лична цел беше да развијам дрон како птица за да научам како летаат“, вели Дејвид Лентинк, шеф на лабораторијата за истражување и дизајн на Стенфорд.

Многу луѓе мислат дека птиците имаат пердуви заради естетика и да им биде потопло. Сепак, пердувите имаат друга, попрактична улога. Имено, кај птиците играат важна улога во постигнување оптимална форма на крилјата.

Две студентки ја имаат заслугата за летањето на овој дрон.  Аманда Стоулс започна анализа на движењата на скелетот на птицата, на крајот да открие дека се потребни само неколку движења за роботот да имитира 20 основни и 20 секундарни движења на летање .

Меган и Хари ќе имаат телохранители со годишна плата од по 100 000 фунти

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл на новата адреса во канада ќе имаат најмалку шест телохранители  кои ќе добиваат годишна плата од по 100 000 фунти.

Обезбедувањето на Хари и Меган ќе го плаќаат граѓаните на Велика Британија иако тие ги прекинаа кралските должности и одлучија да се отселат од Британија.

Стручњаците наведуваат дека секој од нивните чувари ќе има годишна плата од 60 000 фунти, но дека до сумата од 100 000 фунти се стигнало откако ќе бил израчунат и трошокот за нивниот превоз, сместување, пензиски фондови ... пренесува „Сан“.

Принцот Хари во вторникот пристигна во Канада во присуство на британски офицер, за да им се придружи на синот Арчи и сопругата Меган. На аеродромот го пречека неговата сопруга која исто така била во друштво на двајца телохранители.

Медиумите пренесуваат дека во тек се последните подготовки за нивниот „нов живот“ без кралски обврски и титули. Сепак, ангажирањето на скапото обезбедување покажува дека Хари и Меган сепак не се подготвени целосно да се откажат од луксузот.

Од Бакингемската палата за сега не ги коментираат тензиите настанати поради големите трошоци за обезбедување на семејството на Хари.

притисни ентер