Канал 5: Вонредни вести од иднината, февруари 2022, протести на улиците на Скопје!

Собранието е пред најважната одлука за нашата земја, а огромна маса протестира на скопските улици. Ова се вонредните вести на Канал 5 за 9ти Февруари 2022 год.
 

Денес е 9ти Февруари 2022 год, проследете ги вонредните вести на Канал 5 !

За утре , 10ти Февруари 2022 год. е закажана итна собраниска седница, на која прва и единствена  точка ќе биде гласање за „кладилница ливче или компјутер“.

За оние кои можеби не се сеќаваат, станува збор за седница која започна во  Октомври 2019 год , и се уште трае расправата  меѓу пратениците за дилемата дали Катица Јанева своерачно го напишала дописот до Јовески во 2019 год. на ливче од кладилница, или пак дописот бил отпечатен на компјутер и донесен однадвор во затворот во Шутка.

Народните претставници утре ќе мораат конечно да гласаат, и доколку со трипетинско мнозинство изгласаат дека Јанева своерачно го напишала дописот на ливче од кладилница, се отвара конечна можност Јовески да замине во пензија.

За жал, оваа сериозна кривично-правна дилема од 2019 год. предизвика огромен финансиски и безбедносен проблем кој датира од моментот кога Јанева го испрати дописот до Јовески во далечната 2019 год. Оттогаш, секојдневно, роднини и пријатели на еден несреќник протестираат на скопските улици, а до денес  ниту пратениците ниту пак Владата на Македонија не знаат како да се справат со овие проблеми.

Како што информиравме, Јанева наводно го напишала дописот на ливче од кладилницата „Црвен картон“ , ливче кое било во сопственост на друг притвореник, кој на „првата “ страна на ливчето испишал 18 натпревари сите со коефициент преку 3.00, за кој очекувал , доколку ги погоди сите натпревари, да добие фантастични 3 милијарди евра.

Семејството и пријателите на овој осомничен несреќник се веќе трета година на улица, барајќи правда за ливчето и обвинувајќи дека некој од Владата уште во 2019 год го уплатил тоа ливче со  тие 18 натпревари, што се смета за директна причина за растот на БДП во првиот квартал на 2020 година за неверојатни 9,5 %!

Владата на Македонија изминативе 3 години упорно ги негираше овие обвинувања за злоупотреба на среќата на еден притвореник , тврдејќи дека растот на БДПто е резултат на одличниот интернет бизнис за продажба кој Владата го започнала со именувањето на екс министерката за Финансии од таа 2019 год.

Како и да е, утре очекуваме конечна завршница на оваа сага поврзана со дописот на Јанева до Јовески, како и можно завршување на протестите кои траат веќе 3 години.

( текстот е козерија/фикција )

Автобус удрил во брдо, 22 загинати

Најмалку 22 лица загинале, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во Пакистан. 

Автобусот на кого му откажале сопирачките додека се движел по планински пат на северозападот на Пакистан удрил во брдо, соопштила полицијата.

Според полицискиот извештај несреќата се случила во областа Чилас на патот меѓу градовите Скарду и Равалпиниди.

Непристапниот терен и недостатокот на опрема ги отежнуваат напорите на спасувачките екипи при извлекување на повредените.

Со автомобил се забил во џамија

Француската полиција уапсила маж кој со својот автомобил удрил во џамија во местото Колмар на североистокот на Франција, пренесе локалната управа на префектурата О-Ран.

Уапсениот возач на себе имал повредни нанесени со нож, но не е познато дали самиот се повредил или го нападнало друго лице.

Според изјавите на очевидци на несреќата , на кои се повикуваат локалните медиуми , возачот на автомобилот  извикувал „Алах акбар“.

Веднаш по инцидентот полицијата го затворила целиот реон околу џамијата.

Засега не е познато дали нападот е дело на терорист или е обид за самоубиство, наведува „Спутник“.

Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО

Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во  Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал" во Гармишпартенкирхен.

Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во  Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал" во Гармишпартенкирхен каде членовите на комитетот детално се запознаа со начинот на кој функционира НАТО во однос на внатрешните постапки и процедури на земјите членки.

Членовите на комитетот добија информации и искуства и од некои од поновите земји членки на Алијансата како што се Словенија, Словачка и Хрватска во однос на нивниот процес на интегрирање во НАТОи функционирањето како полноправна членка на НАТО.

– Оваа размена на искуства и добри практики ќе биде корисна бидејќи доаѓа во финалната фаза на интеграција во НАТО на нашата земја. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО и тоа е неповратен процес. Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО веќе е завршен во 22 земји членки на НАТО. Преостанатите седум земји членки ќе ја завршат ратификацијата согласно нивните домашни политички процеси, велат од владината прес- служба од каде вечерва информираа за овој треминг семинар.

Оттаму велат дека прашањето на полноправно членство е техничко, односно не се очекуваат никакви проблеми со ратификацијата во која била од земјите, единствено е прашање на време кога тоа ќе се случи, зависно од процедурите на институциите во земјите.

Полноправното членство ќе се заокружи кога ќе се заврши ратификацијата на протоколот во сите земји членки, и финално кога ќе биде ратификуван во нашиот Парламент. Процесите на интеграција на последните земји членки траеле од година до година ипол.

Работниот комитет за НАТО интеграција е интер-институционална работна група која е задолжена за изработка и имплементација на Програмата за континуирани реформи за членство во НАТО. Тоа е оперативното работно тело што ги има обврските за подготвува на Република Северна Македонија за членство во НАТО. /МИА

притисни ентер