Французин починал среде секс, а судот ја обвини за тоа компанијата каде што работел

Додека бил на службено патување , работник во француските железници починал за време на секс со проститутка .

Судот донесе пресуда француската железничка компанија да ја плати отштетата за семејството на мажот , зашто тој бил на службен пат и починал на работното место. Судот во Париз смртта на мажот , наречен Ксавиер К. ја прогласи за ,,смрт на работно место” , односно повреда на работа, така што семејството добива право од милионска отштета.

Компанијата тврди дека мажот не извршувал професионални должности кога во хотелската соба донел непозната жена. Сепак, според францускиот закон, работодавецот е одговорен за секоја несреќа што се јавува на службено патување, објасни судијата.

Човекот,  работел како инженер за ТСО во близина на Париз. Починал во хотел на службено патување во централна Франција во 2013 година, во како што го опиша работодавачот, „вонбрачни активности со непознато лице“.

Компанијата се обиде да ја оспори одлуката што ја поддржа  националното здравствено осигурување. За осигурувањето, сексуалната активност е нормална „како туширање или јадење“.

Фото: Манекенка го истакна трудничкиот стомак

Убавата манекенка Бар Рафаели по трет пат е бремена. Атрактивната русокоса на улиците на Милано гордо го покажа трудничкиот стомак.

Израелската убавица  Бар рафаели која некогаш беше во врска со големиот холивудски заводник Леонардо Дикаприо, во бракот со бизнисменот Aди Езро го очекува третото дете. Бар и Ади веќе имаат две ќерки Лив и Ел.

Топ моделот  во опуштено издание сега е фотографирана на шопинг во Милано., а во преден план е нејзиниот стомак.

Фото: На Бред Пит годините не му можат ништо!!!

Холивудскиот актер Бред Пит ги „излуде“ жените од целиот свет. Годините не му можат ништо.

Славниот актер уште еднаш докажа дека за него годините се само обична бројка.

Во фотосесија за насловната страница на магазинот „ GQ" Бред само потврди дека како минуваат годините тој излгеда се подобро и подобро.

Фотографиите многу брзо се појавија на социјалните мрежи и буквално предизвикаа хаос.

Иако холивудскиот заводник е длабоко влезен во шестата деценија од животот тој и понатаму ги воодушевува жените со својот изглед.

Многу коментираат дека 55- годишниот Бред е како виното. Што постар тоа подобар.

Листа на најбогатите во „белиот спорт“ на светот!!

Спортската индустрија во последните неколку децении е една од најбогатите, спортистите посебно во последните 20-тина години заработуваат многу пари.

 Ако мислите дека најбогати спортисти се фудбалерите се лажете, тенисерите котираат многу подобро од што мислите.

Најбогат во светото на „белиот спорт“ е легендарниот тенисер а сега менаџер  од Романија, Јон Циријак. Тој е еден од првите Романци која се појавил на листата на милијардери на Форбс. Неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари.

Тенисерот со најголем број на Грен слем трофеи, славниот Швајцарец Роџер Федерер е вториот најбогат учесник во светскиот тенис со богатство од 450 милиони долари. Федерер покрај трофеите заработи и вистинско богатство пред се од спонзорите. Според финансиските стручњаци богатството на Федерер во следните години сигурно двојно или тројно ќе се зголеми.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа . Богатсвотот на српскиот тенисер се проценува на 200 милиони долари.

Зад Ѓоковиќ на листата на најбогати во „белиот спорт“ се Марија Шарапова со 195 мил. долари, Рафаел надал со 180, колку што е проценето богатството и на Серена Вилијамс. Високо котираат и Андре Агаси со 175, Енди мареј со 165 мил, Пит Сампрас со 150 и Џон Мекинро со 100 милиони долари.

притисни ентер