Неочекувана забрана на годинешниот Октоберфест

Користењето електрични скутери ќе биде ограничено на Октоберфест , на најголемиот фестивал на пивото поради загриженост на организаторите дека возачите би можеле да ги возат пијани.

Големите барикади , што органзиаторот на годинешниот Октоберфест ги постави низ Минхен , се однесуваат и на електричните скутери, соопштија денеска градските власти.

Освен тоа, електрични скутери нема се изнајмуваат на поширокото подрачје по 17 часот, а ќе има и ограничени локации за паркирање.

„Многумина сметаат дека електричните скутери се играчки но, за жал, премногу често се случува да ги возат пијани корисници. Оние што го сториле тоа, се загрозуваат себеси и другите , а би можеле да ја загубат и возачката дозвола“, предупреди локалниот службеник Томас Бохле , кој рече дека исто ограничување за нивото на алкохол во крвта се применува и за автомобили и за електрични скутери.

„За да се избегне таква опасност, ние - градската власт, полицијата и компаниите за изнајмување - сакаме да ги задржиме е-скутерите подалеку од Октоберфест“, рече Бохле.

Октоберфест се отвора на 21-ви септември и ќе трае до 6-ти октомври.

Непрописно паркирање на Водно за викенд ќе се санкционираа

Градските комунални редари, се вели во соопштението на Град Скопје, изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје.

Градските комунални редари, се вели во соопштението на Град Скопје, изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

-Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен  метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација", се наведува во соопштението на Град Скопје.

Воедно лани Град Скопје воведе две нови автобуски линии – автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули" на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б – од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/VozenRedGen.aspx

-Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг" воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира", информираат од Град Скопје.

Дополнително Град Скопје им препорачува на  граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули" и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно. /МИА

СДСМ: Медиумите кои штанцаат лажни вести да не се однесуваат како режимска партија

​Медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа, да не се однесуваат како режимска политичка партија, нивната работа мора да биде согласно стандардите.

Наместо како медиуми, дејствувањето на Телевизија Алфа, Република, Курир, Нетпрес и Лидер се повеќе наликува на режимска политичка партија, опонент на владејачкото мнозинство.

СДСМ отсекогаш работела и ќе работи на заштита и унапредување на новианрските и медиумските слободи. Денес, сите медиуми критички ја следат работата на Владата и владејачкото мнзоинство.

Но медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа ТВ и одредени интернет портали наместо да известуваат објективно се однесуваат како режимска политичка партија. Тоа е одлика на едно минато време, кое никогаш веќе нема да се повтори.

Како што објави истражувањето на словеченки медиуми, 2,5 милиони евра црни пари од Будимпешта влегле во медиуми кои преку лажни вести имаат задача да работат против интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јавен интерес е овој скандал целосно да се расчисти.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ахмети: Баравме судењето да се повтори зашто како партија плативме превисока цена

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и обвинителот Џелал Бајрами сведочеа за случајот “Монструм”.

Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија.

Обвинителката Фетаи го потсети Ахмети на споделените информации во разговорите кои ги водел со Сафет Незири, поранешен генерален секретар,  поранешниот министер Беџети и заменик министер Џелал Бајрами  во врска со случајот. Ахмети рече дека разгоарал со многу луѓе и се интересирал за петкратното убиство, затоа што тој секогаш велел дека без докази никој не треба да се обвинува, а за него и за партијата најважно било да се дојде до вистината. Ахмети кажа дека била формирана и работна група чија цел била да се повтори судењето.

Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се виновни или не, но за неговата политичка партија вели дека ја платила највисоката цена.

„Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и семејствата кои ги загубија своите во овој трагичен настан, вклучувајќи ги и тие што беа осудени. И ние инсистиравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање . Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нè обвинуваа дека сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние“

Вицепремиерот Османи во своето сведочење рече дека само еднаш се сретнал со семејството на Хаки Азири, кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката. Кажа дека семејството побарало од него да им каже каде е нивниот син.

 Џелал Бајрами, тогашниот заменик министер за внатрешни работи сведочеше дека екс министерката Јанкулоска во мај 2012та излегла на пресконференција и изнела тешки обвинувања за тогаш приведените лица, што не било поретходно договорено по што настанала тензична ситуација во МВР. Бајрами рече дека не се сеќава дека споделил информации за случајот со Ахмети, но кажа дека имал неформални разговори со него.

По рочишето адвокатката на семејствата кажа дека овие свеочења нема многу да придонесат за натамошниот тек на постапката.

Судењето продолжува на 27 февруари, за кога се повикани сведоците Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

притисни ентер