Жерновски од Баварија: Датумот за преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија, соопшти МНР. 

Посетата се реализира на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.

Во рамките на посетата, ЗМНР Жерновски информираше за постигнатите резултати во реформските активности од европската агенда на Северна Македонија,  за внатрешно политичките случувања и добрососедските односи. Беа остварени и повеќе поединечни средби со пратениците од баварскиот парламент, при што  беше истакнато значењето на донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година.

 "Европската перспектива за Република Северна Македонија е мотор за позитивни промени. Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион. Датумот за почеток на преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски", истакна Жерновски на средбите.

Оваа Влада е фокусирана на реформите, да ја направи државата стабилна и сигурна, членка на НАТО и ЕУ, економски силна, во која младите ќе ја препознаат својата шанса и ќе бидат граѓани со достоинствен животен стандард, беше изјавено од страна на Жерновски на средбите.

За време на работната посета, ЗМНР Жерновски оствари средби и со министерот за економија на Баварија, Хуберт Аивангер, министерот за животна средина, Торстен Глаубер и со министерот за образование Михаил Пазоло. Голем дел на разговорите беше посветени за унапредување на  билатералната и економската соработка со Баварија.

Во тој контекст, се разговараше и за Заедничката комисија на Северна Македонија - Баварија, како одлична можност за продлабочување на економската соработка, како и за искористување на големиот инвестициски потенцијал кој оваа развиена и просперитетна германска сојузна покраина го има.

Зградите низ Скопје светнаа во сино во чест на Светскиот ден на детето

Голем број објекти вечерва и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.

Во сино вечерва беа осветлени зградите на Владата, Собранието, ТАВ Македонија со Меѓународниот аеродром Скопје, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, кулите Џевахир, Амбасадата на Италија и други.

20 ноември се одбележува како Светски ден на детето по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.

По повод Светскиоот ден на децата , поддршка даде и премиерот Зоран Заев на Фејсбук кој напиша : ,,Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство.”

Ангеловска:Преку национална стратегија ќе ги подобруваме условите за живот на младите во земјава

Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. 

Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование, ќе се подобрува продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на труд. Ова го посочи министерката за финансии Нина Ангеловска на дебата за буџетот за 2020 година на Македонската телевизија, заедно со премиерот Зоран Заев и уредниците на националните телевизии. 

Ангеловска рече дека индексот на човечки капитал на Светска банка покажува дека денешните деца, согласно условите кои ги добиваат во земјава, во иднина ќе испорачаат само 53% од својата продуктивност. Министерката за финансии посочи дека ова е нешто на што треба да се работи долгорочно за да се смени, а за да се направи тоа треба да се почне уште денес.

-Потребни се вложувања во здравството, образованието и социјалната грижа, што е и фокусот во буџетот за 2020 година. Со креирање на Национална стратегија за човечки капитал ќе имаме таргет дека во следните неколку години да го кренеме овој индекс. Тоа е еден сериозен чекор на национално ниво за да мапираме и видиме што понатаму - рече Ангеловска.

Таа посочи дека со повеќе мерки се таргетираат младите. Ја посочи важноста на дуалното образование, односно практиканството, преку кое младите стекнуваат вештини кои ќе им овозможат побрзо да одговорат на потребите на пазарот на труд. Таа истакна дека ако има отворени 160 илјади работни места, а има голема невработеност кај младите, тоа покажува дека понудата не одговара на побарувачката на вештини на пазарот на труд, соопшти МФ.

Елвин Хасан: Ресен и целата држава се на прав пат од кој не треба да отстапиме

Ресен и целата држава е на прав пат од која не треба да отстапиме, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците Елвин Хасан, која е дел од коалцијата предводена од СДСМ, на трибината „На прав пат" во Ресен.

,,Ми претставува особена чест што сум дел од колаицијата со СДСМ, бидејќи заедно градиме едно општество за сите, концепт што  отсекогаш е поддржуван од Турците, рече Хасан, додавајќи дека градиме општество на сите граѓани, во кое сите граѓани ќе ја чувствуваат земјата како своја.

Според партиското соопштение , Хасан соопшти дека во собранието се разгледува закон за права на помалуборјни заединци, со кој се вклучуваат граѓаните и сите општествени чинители во градење на политиките.

Работиме и на економските политики,  од 2017 имаме повеќе 700 милиони странски директни инвестиции, отворивме над 50 илјади нови работини места, економијата е во пораст и така ќе продолжиме, истакна Хасан, кој е и министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

,,Со вашата поддршка на 12 април ќе ги завршиме почнатите проекти и ќе обезбедиме подобра иднина за сите граѓани, кои и вечерва го покажуваат единството што го градиме по сите градови и села, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците, Хасан.

притисни ентер