Драма во домот на Лепа Брена – Боба два дена пиел , па се онесвестил

Српските медиуми пишуваат дека брзата помош интервенирала во домот на Лепа Брена , откако му се слошило на нејзиниот сопруг , Боба Живојиновиќ .

Според српски Курир, некогашниот тениски шампион пиел два дена без прекин , така што на крај му се слошило.

„Боб не штеди на храна и пијалок. Тој неодамна организираше дружење во просторијата за прослави до вилата Живојиновиќ и поминал два дена подготвувајќи многу вкусни специјалитети во кујната, по кои е познат . Додека тој се подготвуваше за празникот, пиеше виски.Знаејќи дека е добар домаќин и дека никој никогаш не излегол гладен и жеден од неговата куќа, Бобо ги нудел пријателите да јадат и пијат, отворајќи шише по шише “, цитира Курир анонимен извор.

ONO kad znas da imate dobru komunikaciju sa familijom🥰

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

"Во еден момент, Бобо само падна на двоседот затоа што се чувствуваше лошо. Веднаш неговите пријатели го внеле внатре и тој им кажал дека е во ред и дека тоа не е ништо. Сепак, не можел да стане. Тие повикаа брза помош, што пристигна за 10 минути . Го прегледале Живојиновиќ и утврдиле дека тој е во лоша состојба поради алкохолот, но дека нема потреба да го одведат во болница. Брена била толку исплашена за нејзиниот сопруг што почнала да се задушува “, тврди изворот за Курир.

Живојиновиќ бил подобар следниот ден, но сепак го поминал во кревет.

Видео: Маестралниот Лилард во кошот на Далас испорача 61 поен

Неверојатниот бек на Портланд Демијан Лилард ја обележи ноќта меѓу вторник и среда во НБА лигата.

Предводникот на Блејзерси во големата драма против Далас учествуваше со рекордни 61 поени, Лилард погоди дури 9 тројки.

Популарниот „ Dame time" беше најзаслужниот за триумфот на Портланд над Далас од 134 – 131.

Со импозантното остварување Лилард утрово стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој на две средби во низа постигнал 50 + кошеви.

Претходно Лилард со 51 поен го водеше Портланд до победа над Филаделфија.

На 60 пред крајот резулатот беше израмнет 130-130. Лилард прво погоди неверојатна тројка за водство на Портланд а потоа и му асистираше на Вајтсајд за предност, на крајот ѕвездата на далас Лука Дончиќ погоди едно од двете слободни фрлања за конечни 134-131.

Град Скопје: Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат поволноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад. Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Најголем процент – 25,9 отсто од новозаболените со Ковид-19 и во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години – 18,4 отсто, од 40 до 49 години – 17,9 отсто, а од 50 до 59 години – 17,2 отсто, покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Во истиот период регистрирани се 25 смртни случаи, а најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години (56 отсто). Кај 19 од смртните случаи (76 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети.

притисни ентер