Општина Центар додели парична помош за новороденчиња

По 7.000 денари за новороденче денеска добија 100 семејства од Општина Центар. За новороденчињата подароци дадоа и неколку компании. Ова е втор циклус еднократна помош за новороденчињата во Општината.

Градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е шест месеци од денот на раѓањето на новороденчето. /МИА

Шеесетгодишник од Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат А2, Куманово-Крива загина шеесет годишник од Крива Паланка.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ базирани на официјалниот билтен на МВР несреќата се случила на 11 ноември 2019 во 15 часот и 40 минути, на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во близина на клучката на магистралниот пат со главната улица во градот.

До незгодата дошло кога патничко моторно возило „мерцедес", со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од шеесетгодишниот Д.И. од село Борово, удрило во 67 годишен пешак С.А. од село Градец, кривопаланечко.

Во незгодата Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје, каде во 18 часот и 55 минути починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка./МИА

Законски измени за потпишување Анекс на Договорот со ТАВ

Владата ќе биде подготвена да потпише анекс на Договорот со концесионерот на аеродромите,  турски ТАВ, ако наредните денови бидат усвоени потребните  законски промени за јавно приватно партнерство и концесии.

Тоа го најави денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го Предлог буџетот за следната година.

Со анекс договорот треба да бидат на располагање 35 милиони евра од турскиот концесионер кои не беа инвестирани  во карго аеродром во Штип. Деведесет проценти од тие пари ќе се искористат за изградба на водоводи и канализациски системи, а мал дел за градинки, училишта, спортски сали, најави Заев.

Тие пари се дополнителни на планираните инвестиции во наредниот период во изградба на водоводи и канализациски системи  финансирани од сопствени изори и од кредитната линија од Европската инвестициска банка  и КФВ банката.  Истовремен, информира Заев, преку проекетот за подобрување на општински услуги ќе им се овозможи на оптшините и јавните комунални претпријатија да финансираат инвестициски зафати  согласно со своите приоритети во областа на водоснабдување, одведување отпадни води, управување со цврст отпад и други инвестиции во  општинските услуги.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми во септември годинава најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што  требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип, но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што рече дека треба  да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што потенцираа, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, подготвени се сите договори и треба да се заокружи  ратификацијата./МИА

Жаклина Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против поголема минимална плата и против стечајците затоа кочат во Собрание

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидува зголемување на опфатот на стечајци кои ќе бидат обесштетени од државата.

Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минимална плата, одбија да го стават предлогот на гласање, за тој да продолжи во понатамошна расправа.

ВМРО-ДПМНЕ научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата овој пат на 14.500 денари.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните.

Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски.

11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави истото и како опозиција.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда.

Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Граѓаните, јавноста го ценат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12 април одново ќе ја поразат нивната антидржавна и деструктивна матрица. Граѓаните на 12 април ќе дадат поддршка на концептот што носи повеќе пари во семејствата и ќе потврдат дека државата е на прав пат.

Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата

притисни ентер