Здравствените книшки повторно мора да се носат на лекар

Граѓаните мора уште 20 дена да носат здравствена книшка кога одат на лекар и кога земаат лекови.

Во соопштението од ФЗОМ се вели дека од први октомври ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација лична карта или пасош.

До   тој   период,   на   сила   се   постоечките   позитивни   прописи,   со   кои пропишување   на  лекот   кај   избраниот   лекар   како   и   постапката   при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно   со   личен   идентификациски   документ   на  +осигуреното   лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Граѓаните велат дека во претходниот период некаде има барале здравствена книшка а некаде

Доктор Ненад Лазаров вели дека тотално е непотребно да се врќа хартијата од здравствени книшки до принтани документи. Здравствените книшки се забранети со закон и е тотално непотребен товар и за пациентите и за докторите уште 20 дена да ги враќаат назад.

Докторите велат дека забуната настанала кога пред една недела фондот за здравство им наредил на лекарите лековите кои ги издаваат да ги впишуваат и во здравствена книшка на пациентот во картонот, во електронскиот систем Мој термин и хартиен дневник што е губење време од прегледот на пациентот.

притисни ентер