Прибе: Владеењето на правото останува клучно на патот кон ЕУ

За владеење на правото се потребни независни политичари .

– Во пресрет на октомвриската одлука дали ќе го добиеме датумот за почеток на преговори со ЕУ, правниот експерт Рајнхард Прибе на конференција во земјава порача дека е потребна политичка волја за независност во правосудството.

Прибе кој пред неколку години ги нотира слабите точки во судскиот систем во Македонија, вели дека и останатите земји од Западен Балкан имаат бавен паредок за владеење на правото.

Иако е неопходно владеењето на правото, Европскиот совет не не условува со Законот за јавно обвинителство, смета вицепремиерот Бујар Османи.

-Европската комисија даде чиста препорака за почнување преговори и оти Советот на ЕУ ја прифати таа порака без давање дополнителни бенчмаркови за почнување преговори. Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение,Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.

Османи вели разликите за Законот за јавно обвинителство не се непремостливи и оптимистички верува дека лидерите на партиите ќе најдат заеднички јазик за иднината на обвинителството да се реши со консензус во Собрание.

Фудбалерот на Интер, Брозовиќ поради возење под дејство на алкохол остана без возачка

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ остана без возачка дозвола поради возење во пијан.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ наведува дека играчот на Интер бил запрен во неговиот „Ролс Ројс“ во раните утрински часови по вечерното излегување во Милано.

Работата се искомплицвирала кога полицијата го запрела Брозовиќ поради минување на црвено светло.

За среќа фудбалерот на Интер не предизвикал никаков инцидент.

Полицијата брзо го пресретнала и му ја одзела возачката дозвола на лице место.

Фото: Ким Кардашијан без ботокс!!

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан на своите фанови на социјалните мрежи им сподели спомени од младоста, стари фотки и модни комбинации.

-Чувам се, а за време на карантинот исто така ги организирав фотографиите . Пронајдов свои стари модни комбинации. Толку многу добри работи има тука. Дали се сеќавата не некои од нив?Или можеби изгоретините кои ги добив во Мексико, се пошегувала Ким на својот Инстаграм профил.

Но, голем дел од нејзините фанови веднаш забележале дека Ким на фотографиите е природна и нема ботокс.

Во Србија 287 новозаразени, 11 починати

Во последните 24 часа во Србија  на коронавирус тестирани се 4050 лица, од нив позитивни на Ковид -19  се 287 лица.

Во последното деноноќие се регистрирани 11 починати лица.

Во болниците во Србија во моментот на респиратор се приклучени 144 пациенти.

притисни ентер