Деветмина приведени во Бугарија осомничени за шпионажа во корист на Русија

Се шири шпионскиот скандал, што втор ден ја тресе соседна Бугарија. 

Уште осум лица, осомничени дека шпионирале во корист на странска држава се приведени од полицијата во Софија и во уште два бугарски града.

 Обвинителството вчера покрена обвинение против лидерот на националното движење Русофили, Николај Малинов, осомничен дека шпионирал за Русија и наводно давал информации со цел да ја смени прозапандата ориентација на Бугарија.

 Обвинителството кај него пронашла и документ на руски јазик кој наводно зборува за неопходно геополитичко пренасочување на Бугарија.

 Малинов во меѓувреме е ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, а тој за бугарските медиуми отфрли каква било инволвираност во шпионски активности..

притисни ентер