Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор, оставаме простор да продолжат преговорите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски  денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници.

Мицкоски остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно средбата.

– Ги констатиравме позициите од двете страни, за жал, не успеавме да најдеме решение и доколку постои опција за натамошни средби оставеме простор во иднина да продолжат преговорите, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Според Мицкоски, Заев дошол со намера да не се постигне успех на разговорите затоа што, како што вели, се видело дека има не план Б, туку план Ц, со префрлањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство. Со тоа, смета Мицкоски, Заев си купил мир, но во иднина ќе има одговорност.

Барањето на Заев, како што рече, за амнестија за сите довело до тоа вчера да не успеат преговорите затоа што не прифатил новото обвинителство што го предлага власта да се занимава со корупција со сите предмети без оглед на времето на предметот и извршителот.

– Заев предложи формирање обвинителство за висока корупција на исто ниво како обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителот да го предложи најголемата опозициска партија, и овие десетмина помошници на помошниците на Јанева заедно со случаите од СЈО да бидат инкорпорирани во рамките на новото обвинителство, без притоа да се почитува Законот за обвинители коишто треба практично Советот за обвинители да предложи кои обвинители треба да работат таму, рече Мицкоски, дополнувајќи дека имало начелен предлог договорен на 30 август што тогаш СДСМ го прифатиле, а другиот ден измислувајќи небулози и бесмислици го растурија преговарачкиот процес./MИА

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. 

Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен.

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. Изборот на поротата ќе продолжи денеска, бидејќи до почетокот на судењето треба да се изберат уште шест резервни поротници.

„Имаме порота“, рече судијата Хуан Мерчан откако новите поротници се заколнаа дека ќе носат одлуки „праведно и непристрасно“.

Мерчан посочи дека судот е на добар пат да го започне судењето со воведни зборови од понеделник, 22 април.

Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Брег го обвинува Трамп за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година. Обвинителството најави дека ќе се фокусира на финсиските средства што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен, кој тврди и дал 130.000 долари на Даниелс, со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп. Според Обвинителството, тоа бил обид за незаконско влијание врз изборите во 2016 година. Ваквите исплати во САД не се нелегални, но според обвинителите Трамп направил кривично дело со неправилното евидентирање на надоместокот за Коен како правни трошоци. Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. /МИА

Тошковски: Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека е расчистена кражбата на сеф од маркет во Црниче.

„Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче.

Во врска со тешка кражба во маркет Рептил извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.

Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело “Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор“, стои во објавата на Тошковски.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

притисни ентер