Ким и Канје си купија голем имот со приватно езеро!!

Најпопуларната американска старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг музичарот Канје Вест се почестија со нов голем имот.

Според медиумите Ким и Канје го купиле големиот имот „'Monster Lake Ranch“ во близина на градот Коди во сојузната американска држава Вајоминг.

Преубавиот имот се простира на повеќе од 3000 хектари , вклучувајќи и приватно езеро од 180 хектари порибено со пастрмка.

Главната куќа на имотот е во стил на ранч, дел од неа е работна штала. На езерото има два бара. На имотот има и климатизирани простории, ранч за добиток, простории за чуварите на езерото и преубаво место кое може да прими околу 1500 птици.

Последната цена по која се продавал овој имот била 14 милиони долари, но нема информација по која цена Ким и Канје сега го купиле овој голем имот.

Фото: Американците направија дрон што изгледа како вистинска птица

 Американците направија дрон што изгледа како вистинска птица со био-хибридни крилја и вистински пердуви, овој дрон тестира нов начин на летање беспилотни летала.

Овој птица дрон може да се покаже како корисна иновација кога станува збор за беспилотните летала.

„Мојата лична цел беше да развијам дрон како птица за да научам како летаат“, вели Дејвид Лентинк, шеф на лабораторијата за истражување и дизајн на Стенфорд.

Многу луѓе мислат дека птиците имаат пердуви заради естетика и да им биде потопло. Сепак, пердувите имаат друга, попрактична улога. Имено, кај птиците играат важна улога во постигнување оптимална форма на крилјата.

Две студентки ја имаат заслугата за летањето на овој дрон.  Аманда Стоулс започна анализа на движењата на скелетот на птицата, на крајот да открие дека се потребни само неколку движења за роботот да имитира 20 основни и 20 секундарни движења на летање .

Меган и Хари ќе имаат телохранители со годишна плата од по 100 000 фунти

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл на новата адреса во канада ќе имаат најмалку шест телохранители  кои ќе добиваат годишна плата од по 100 000 фунти.

Обезбедувањето на Хари и Меган ќе го плаќаат граѓаните на Велика Британија иако тие ги прекинаа кралските должности и одлучија да се отселат од Британија.

Стручњаците наведуваат дека секој од нивните чувари ќе има годишна плата од 60 000 фунти, но дека до сумата од 100 000 фунти се стигнало откако ќе бил израчунат и трошокот за нивниот превоз, сместување, пензиски фондови ... пренесува „Сан“.

Принцот Хари во вторникот пристигна во Канада во присуство на британски офицер, за да им се придружи на синот Арчи и сопругата Меган. На аеродромот го пречека неговата сопруга која исто така била во друштво на двајца телохранители.

Медиумите пренесуваат дека во тек се последните подготовки за нивниот „нов живот“ без кралски обврски и титули. Сепак, ангажирањето на скапото обезбедување покажува дека Хари и Меган сепак не се подготвени целосно да се откажат од луксузот.

Од Бакингемската палата за сега не ги коментираат тензиите настанати поради големите трошоци за обезбедување на семејството на Хари.

Фото: „Поради моите бујни гради мојот сопруг никогаш не е под стрес“

Сопругата на хрватскиот ракометен голман Мирко Алиловиќ, сексапилната Ива Алиловиќ ја откри тајната на успехот на нејзиниот сопруг.

Атрактивната Ива која е мајка на три деца во 2019 година на фејсбук коментирала дека „допирањето “ на градите го намалува стресот за цели 60 проценти.

Сега кога новинарите ја прашале повторно за тоа Ива имала духовит коментар.

-Тогаш мојот Мирко никогаш не е под стрес, какви „јошки“ има дома, напишала Ива со насмевка.

Инаку, Мирко и Ива се во брак десет години и имаат три сина.

притисни ентер