Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари

Според нацрт законот субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси.

 Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на  државата.

Според нацрт законот субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси, работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со овој закон, односно работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон,  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Субвенциите не може да ги користи работодавач кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување согласно закон, за период додека го користи ослободувањето, работодавач кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за  вработување за периодот додека ја користи мерката и работодавач кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со Закон за финансиска поддршка на инвестиции, како и приватна агенција за вработување за осигуреници кои се отстапени кај работодавачи од органите на државната и на локалната власт и други државни органи.

Согласно предложените решенија, работодавачот нема обврска да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси, највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник, а најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.

Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите согласно со одредбите на овој закон започнува да се применува со исплата на плата за октомври 2019 година.

Од Владата проценуваат дека субвенционирањето на социјалните придонеси ќе има позитивно влијание на вкупната економија, Мерките ќе придонесат за подобрување на работењето на деловните субјекти, зголемување на квалитетот во работењето, нивната продуктивност, подобрени деловни резултати во работењето, зголемување на вработеноста, зголемување на платите на вработените, на подолг рок, подобреното деловно работење ќе предизвика и поголем економски раст и развој на Република  Македонија.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Се очекува на ваков начин да се намали исплатата на платата на работниците на рака, кое често го практикуваат работодавачите за да избегнат плаќање придонеси. 

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

Запалени стотици куќи во меѓунационалните судири во Индонезија (ВИДЕО)

Во повеќенеделните насилни судири меѓу двете индонезискиз аедници се запалени повеќе куќи , соопшти денеска локалната полиција.

Припадниците на двете спротиставени заедници до сега  запалија најмалку 158 куќи, едно училиште и други јавни згради во регионот Северен Пенајам во провинцијата Источен Калимантан, пренесува Ројтерс.

Конфликтот се случил само една недела откако истите заедници се судриле на блиската плажа, при што еден човек бил прободен со нож, а друг е тешко повреден. По нападот, полицијата го уапси убиецот и тројца други за поседување оружје.

„Една недела подоцна, стотина луѓе дојдоа да ги бараат одговорните за смртта на човекот и потоа ги запалија куќите“, рече полицискиот портпарол Аде Јаја Суријана.

„Објаснивме дека ги уапсивме осомничените, но на крајот се случија пожари“, додаде тој.

Точната причина за почетокот на конфликтот сè уште не е позната.

Во Калимантан, или индонезискиот дел на островот Борнео, две етнички групи се судрија во раните 2000-ти, со повеќе жртви.

притисни ентер