Кашоги барал да не му ја затвораат устата оти боледува од астма

Турскиот весник „Сабах“ пренесува дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени до неговите убијци биле да не му ја затвораат устата, бидејќи боледува од астма и може да се задуши.

Весникот објави нови извадоци од снимката од разговорот на Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат.

Според транскриптот на снимката, член на саудискиот тим му вели на Кашоги дека мора да биде вратен во Ријад поради налог на Интерпол.

Исто така, се додава дека Саудиецот го принудува Кашоги да му испрати порака на синот во која му пишува да не се грижи ако не му се јавува.

притисни ентер