Некролози за африканскиот диктатор осамнаа во црногорско приморско место

Пред неколку дена почина поранешниот долгогодишен претседател на Зимбабве и диктатор , Роберт Мугабе.

По повод смртта на Мугабе во црногорскиот примнорски град Прчањ осамнаа посмртници со тажна вест.

"Со тажно срце објавуваме дека нашиот драг Роберт Габриел Мугабе почина на 95-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Датумот и местото на погребот ќе бидат објавени дополнително", пишува во посмртницата од раководството на локалната месна заедница во Прчањ.

Не се знае точно кој го нарачал некрологот, но тоа предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Мугабе, кој раководеше со таа јужноафриканска држава скоро четири децении од стекнувањето независност од Велика Британија во 1980 година, беше принуден да поднесе оставка во ноември 2017 година по воениот удар.

притисни ентер