Момче случајно откри потопен автомобил и реши случај стар 27 години (ВИДЕО)

13 годишно момче и помогна на полицијата во Канада да реши случај на убиство стар 27 години, кога случајно нашол потопен автомобил на дното на езерото Грифин.

Макс Веренка се возел по езерото Грифин во канадската област Британска Колумбија , кога забележал потопено возило. Неговите родители заклучиле дека најверојатно станува збор за автомобил што во 2009 слетал во езерото и случајот го пријавиле во полицијата. Бидејќи автомобилот бил на длабочина од 6 метри , Макс нурнал со својата ГоПро камера и им ја покажал снимката на полицајците.

Три дена подоцна, полицијата се вратила со екипа за нуркање и ги извадила остатоците од автомобилот од езерото каде пронашле тело на жена.

Се покажа дека тоа е Џенет Фарис која исчезнала во 1992 година кога тргнала на свадба, а нејзиното семејство до денес не знаело што се случило со неа .

„Мислам дека најлошото нешто е да не знаеш. Ние претпоставувавме дека можеби задремала зад воланот и слетала од патот или се обидувала да избегне животно кое трчало пред автомобилот“, изјави нејзиниот син Џорџ Фарис.

Фото: Манекенка го истакна трудничкиот стомак

Убавата манекенка Бар Рафаели по трет пат е бремена. Атрактивната русокоса на улиците на Милано гордо го покажа трудничкиот стомак.

Израелската убавица  Бар рафаели која некогаш беше во врска со големиот холивудски заводник Леонардо Дикаприо, во бракот со бизнисменот Aди Езро го очекува третото дете. Бар и Ади веќе имаат две ќерки Лив и Ел.

Топ моделот  во опуштено издание сега е фотографирана на шопинг во Милано., а во преден план е нејзиниот стомак.

Фото: На Бред Пит годините не му можат ништо!!!

Холивудскиот актер Бред Пит ги „излуде“ жените од целиот свет. Годините не му можат ништо.

Славниот актер уште еднаш докажа дека за него годините се само обична бројка.

Во фотосесија за насловната страница на магазинот „ GQ" Бред само потврди дека како минуваат годините тој излгеда се подобро и подобро.

Фотографиите многу брзо се појавија на социјалните мрежи и буквално предизвикаа хаос.

Иако холивудскиот заводник е длабоко влезен во шестата деценија од животот тој и понатаму ги воодушевува жените со својот изглед.

Многу коментираат дека 55- годишниот Бред е како виното. Што постар тоа подобар.

Листа на најбогатите во „белиот спорт“ на светот!!

Спортската индустрија во последните неколку децении е една од најбогатите, спортистите посебно во последните 20-тина години заработуваат многу пари.

 Ако мислите дека најбогати спортисти се фудбалерите се лажете, тенисерите котираат многу подобро од што мислите.

Најбогат во светото на „белиот спорт“ е легендарниот тенисер а сега менаџер  од Романија, Јон Циријак. Тој е еден од првите Романци која се појавил на листата на милијардери на Форбс. Неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари.

Тенисерот со најголем број на Грен слем трофеи, славниот Швајцарец Роџер Федерер е вториот најбогат учесник во светскиот тенис со богатство од 450 милиони долари. Федерер покрај трофеите заработи и вистинско богатство пред се од спонзорите. Според финансиските стручњаци богатството на Федерер во следните години сигурно двојно или тројно ќе се зголеми.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа . Богатсвотот на српскиот тенисер се проценува на 200 милиони долари.

Зад Ѓоковиќ на листата на најбогати во „белиот спорт“ се Марија Шарапова со 195 мил. долари, Рафаел надал со 180, колку што е проценето богатството и на Серена Вилијамс. Високо котираат и Андре Агаси со 175, Енди мареј со 165 мил, Пит Сампрас со 150 и Џон Мекинро со 100 милиони долари.

притисни ентер