Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Откриен е Хепатит Ц кај шест поранешни пациенти на Одделението за ортопедија во штипската Клиничка болница.

Првите двајца пациенти се откриени во јули, кога се јавиле на Инфективното одделение и таму лекарите ги поврзале дека пациентите биле претходно третирани на Ортопедија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев и началникот на Инфективното одделение, Дијана Шишкова на денешната прес-конференција посочија дека нема сигурни докази оти пациентите вирусот го добиле за време на престојот на Ортопедија.

-Се работи за хеторогена група, каде што има оперирани и неопреирани пациенти. После првата дојава на тие случаеви задолжена е Комисијата за интерхоспитални инфекции да изврши увид и да препорача мерки што ние како болница треба да ги направиме. Можам да кажам дека Клиничка болница-Штип во минатото, сега и во иднина ќе работи согласно протоколите и процедурите, рече Георгијев.

Началничката Шишкова прецизира дека станува збор за повозрасна група на пациенти, од кои едни биле, а друг дел и воопшто не биле оперирани и имале различен болнички третман. Пациентите се од различни градови од источниот регион.

-Даден е сигнал дека имаме неколку позитивни случаи, меѓутоа се уште не можеме баш конкретно да ја утврдиме поврзаноста со претстојот на Оддеелението за ортопедија поради тоа што самото заболување може да тече како акутно и хронично заболување и се уште не може да се направи некој склоп или објаснување на поврзаноста со болница, рече Шишкова.

Таа потенцира дека се преземени сите мерки за стерилизација и дезинфекција, односно како што рече, комплетно генерално чистење на Одделението за ортопедија, како и дезинфекција на сите простории и на целокупната апартура. Медицинскиот пероснал е тестиран и кај ниту еден не е откриен овој вирус.

-Овој вирус се пренусва преку шприцеви, кај интервенските нарокмани, потоа од мајка на дете, но и преку крвта. Болеста е опасна, но има еден актуен клинички тек што оди со комплетно оздравување. Хроничните типови ан Хепатит Ц се лекуваат со сигурна и ефикасна терапија, рече Шишкова и додаде дека симптомите се исти како и кај остантите видови на Хепатит, односно малаксаност, губење на апетит и жолтило.

По овој случај, прецизира, на сите пациенти што се хоспитализираат во болницата по 1 септември им се прават тестови за хепатит Б,Ц и за ХИВ вирусната инфекција. /МИА

Порно актерка ги возбуди фудбалските навивачи (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд, завршија натпреварите во италијанската Серија Б, а крајот на сезоната го означи враќањето на Салернитана по 23 години во највисокиот ранг.

Навивачите на италијанскиот клуб од градот Салерно бурно го прославија пласманот во Серија А, а фотографијата од прославата на една од навивачките го обиколи светот.

Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.

"Во добро и лошо, вашата кума секогаш ќе биде таму. Моето срце чука забрзано за местото во Серија А, следната година сме шампиони", напишала Присила и објавила фотографии од прославата на својот Инстаграм профил.

Австријка стана хит поради еластичноста, си сипува чај со нозете (ВИДЕО)

Стефани Милингер од Австрија стана хит на социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии и видеа кои покажуваат колку е еластична.

Флексибилната 28-годишна Австријка го витка своето тело на навидум незамисливи начини, а својот талент го покажа и во германската верзија на шоуто Суперталент.

"Главно добивам различни реакции. Луѓето или коментираат дека работите што ги правам се глупави и дека го ризикувам мојот живот поради кликови или ме поддржуваат затоа што го работам она што го сакам. Јас само сакам да покажам што сум способна да направам", изјави Стефани за Метро.

Таа исто така пронашла интересен начин да сипува чај, а научила и да слика и држејќи ги четките со прстите на нозете.

Трамп ја зајакнува позицијата во неговата партија, ја смени од важна позиција Лиз Чејни

Доналд Трамп денеска го потврди своето влијание врз републиканците со исфрлањето од партискиот врв на Лиз Чејни, која  не ја толерира.

Таа конзервативна лидерка „нема личност и не направи ништо добро за нашата политика и за нашата земја“, коментира поранешниот претседател на САД и поранешен магнат за недвижнини.

Со затворено гласање за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом ја тргнаа Чејни од позицијата трета по ранг во пратеничката група на републиканците.

„Немаше многу гласови“ за да ја поддржат, изјави пред новинарите пратеникот од Флорида, Бајрон Доналдс, кој гласаше за нејзино разрешување.

„Ќе направам се што е во моја моќ да се осигурам дека поранешниот претседател никогаш повеќе да не влезе во Овалната соба“, одговори Лиз Чејни веднаш по гласањето.

„На земјата и треба силна републиканска партија заснована врз главните принципи на патриотизам и ветувам дека ќе дадам се од себе партијата да оди во таа насока“, рече ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Лиз Чејни негодуваше против Доналд Трамп и немилосрдно ја критикуваше неговата „голема лага“ кога без докази тврдеше дека неговите последни претседателски избори биле „украдени“ и го обвини за поттикнување приврзаниците на насилство и упадот во Капитол.

Чејни, како и уште девет републиканци од долниот дом, гласаа за отповикување на Трамп на 13 јануари под обвинение за бунт по смртоносниот напад на американскиот Капитол една недела претходно. Останатите 197 гласа беа против отповикувањето.

Лиз Чејни (54), ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, беше во републиканската администрација пред нејзината прва победа на изборите за Конгресот во 2016 година.

притисни ентер