Конференција: Климатските промени бараат посериозен национален и регионален пристап

Конференција посветена на државниот суверенитет, климатските политики и решавање спорови во животната средина се одржува денеска во Скопје.

Конференцијата е во организација на Институтот за Мас Медиуми, Едукација и Комуникации (ИММЕК) од Скопје и ФОН Универзитетот, заедно со интересната група за право на животна средина на Американското друштво за меѓународно право (ASIL) и Глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal".

Паоло Давиде Фара од Универзитетот Западна Вирџинија, САД, и претставник на глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal" смета дека владите, а особено Северна Македонија којашто треба да пристапи кон НАТО и Европската Унија, треба сериозно да работат на оваа тема.

– Климатските промени и заштитата на животната средина се исклучително важни за националната, регионалната и светската безбедност бидејќи последиците од нив се одразуваат на разни проблеми поврзани со заштита на човековите права и влијаат врз економијата. Сметам дека Македонија и земјите од регионот треба заеднички да дејствуваат против климатските промени и да продолжат да се борат за заштита на животната средина и остварување одржлив развој, вели Фара.

Како што информираше оретседателката на ИММЕК Институтот Фросина Антоновска на конференцијата успеале да донесат 12 говорници од различни универзитети и институти од светот што, како што рече, е навистина успех со оглед на тоа што во државава дебатата за правото на животна средина се уште не е присутна во академската фела.

– Навистина се надеваме дека со разгледувањето на овие прашања од страна на меѓународни учесници и локални учесници кои работат истражувања на таа тема ќе придонесе за малку посериозен пристап во креирањето на јавните политики и на законодавството во областа на животна средина и понатаму во имплементацијата на тоа законодавство. Се надеваме дека со организирањето на овој тип на конференција ќе успееме да организираме и други на слични поврзани и други теми со кои со една компаративна анализа ќе успееме да го надминеме она што ни недостига во академската јавност, вели Антоновска.

Чаму Куппусвами од правниот факултет Херфордшир, Велика Британија, пак информираше дека двајца студенти од Скопје кои студирале на нејзиниот универзитет се заслужни за организирање на овој настан.

– Интересно е што во време на глобализација забележуваме не само миграција на луѓе кои заминуваат да студираат во странство, туку имаме и миграција на идеи, како што можеме да видиме од оваа конференција. Важно е да се зборува за проблемите поврзани со животната средина, но и за проблемите со кои се соочуваат земји како Македонија, рече Куппусвами./МИА

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

притисни ентер