Фото:„BMW“ експериментира со дизајнот

Новиот концепт на баварскиот произведувач е дизајн за новата Серија 4.

Судејќи по концептот, новата Серија 4, вклучувајќи го и М4 моделот, ќе има радикални измени во дизајнот споредено со актуелните модели. Дизајнерите овој пат дошле со нова идеја како да го претстават заштитникот знак на „BMW“, предната маска.

Агресивен дизајн на предниот дел, надополнет со ласерски фарови, како и големи отвори за проток на воздух. Надворешните ретровизори се ниски и изработени од полиран алуминиум.

Од „BMW“ велат дека новиот концепт потсетува на некои класични модели како што е на пример 328.

Задниот дел од Серија 4 е по класичен и карактеристичен за „BMW“, има интегриран спојлер , издолжени штоп светла и масивен дифузор на трапезоидните издуви на долниот дел од браникот.

„BMW“ се уште ги нема соопштено техничките спецификации на овој концепт, но тие не се ни важни затоа што дизајнот е во прв план.

Иако не треба да се очекува дека од „BMW“ целосно ќе го употребат новиот дизајн во Серија 4, сепак треба да бидеме сигурни дека голем дел од овие дизајнерски решенија ќе бидат применети.

притисни ентер