Џонсон пресече : Излегуваме од ЕУ до 31. октомври без никакво одложување

И покрај донесениот закон со кој се забранува излез на Британија од ЕУ без договор , премиерот Борис Џонсон е дециден дека одложување ќе нема.

Иако парламентот донесе одлука за одложување на излезот на Британија од ЕУ откако ќе биде донесен нов договор за Брегзит, Џонсон уште еднаш децидно рече дека ќе нема одложувања.

„Премиерот беше многу јасен кога рече дека ќе ја извади земјата од Европската унија до 31 октомври без„ ако “или„ но “. Тој повеќе нема да се согласи на бесмислени одложувања“, се вели во соопштението од кабинетот на Џонсон откако законот со кој се забранува излез на Британија без договор го потврди и кралицата Елизабета II.

Пратениците ќе гласаат доцна во понеделник за предлогот на премиерот Џонсон за предвремени избори, со кои тој се обидува да избегне одложување на Брегзитот , но најверојатно парламентот ќе го отфрли ова барање.

Излезот од ЕУ, најдраматичниот геополитички потег на Велика Британија во последните децении, останува под знак прашалник повеќе од три години по нејзиниот референдум во 2016 година, а можните исходи вклучуваат повеќе сценарија од напуштање без договор до целосно занемарување на исходот од референдумот .

Според законот одобрен денес од кралицата Елизабета Втора, премиерот мора да побара одложување на Брегзит до 2020 година, освен ако во меѓувреме не се постигне нов договор со Брисел.

Затоа е нејасно кој ќе биде следниот потег на премиерот Џонсон, бидејќи лидерите на ЕУ велат дека немаат добиено нови предлози, а премиерот е решен да го спроведе Брегзит до 31 октомври, а во спротивно тоа би значело „трајно оштетување на довербата во демократијата.“

Во исто време, ирскиот премиер Лео Варадкар во понеделникот му рече на Џонсон во Даблин дека „во отсуство на прифатлива алтернатива, договорот без„ бекстоп “не е договор за Ирска“.

Кабинетот на Џонсон не прецизираше кои се „можните решенија“, но премиерот е убеден дека до самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври има доволно време да се постигне нов договор.

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

притисни ентер