Научниците утврдиле дека менталните болести се зачестени во подрачја со загаден воздух

Загадувањето на воздухот може да го зголеми ризикот од појава на сериозни ментални болести , како што е депресијата , открија научниците.

Зголемената појава на биполарно пореметување и депресија , како и други слични болести се откриени во региони на САД и Данска , каде воздухот е загаден , се наведува во студијата на научници од Универзитетот од Чикаго.

Научниците ги проучувале податоците од 151 милиони луѓе во компаниите за здравствено осигурување и се фокусирале на зачестеноста на биполарно растројство, тешка депресија, нарушувања на личноста ,шизофренија , епилепсија и Паркинсонова болест.

„Овие невролошки и психијатриски болести - толку скапи и финансиски и социјално - се чини дека се поврзани со животната средина, особено со квалитетот на воздухот“, рече биологот Атиф Кан.

Научниците ги споредиле здравствените податоци со квалитетот на воздухот врз основа на податоците на Американската агенција за заштита на животната средина.

Во регионите со полош квалитет на воздухот, 6 проценти повеќе луѓе страдале од силна депресија отколку во области со добар квалитет на воздухот. Во случај на биполарно нарушување, стапката на инциденца е поголема за 27 проценти.

Во вториот дел од студијата, научниците го анализирале данскиот третман на повеќе од 1,4 милиони луѓе родени во Данска помеѓу 1979 и 2002 година и податоците за животната средина.

Тука, стапката на силна депресија во области со големо загадување на воздухот е за 50 проценти поголема отколку во области со чист воздух. Научниците откриле и повисоки стапки на други ментални заболувања во Данска: 162 проценти за нарушувања на личноста и 148% за шизофренија. За биполарно растројство, зголемувањето од 24 проценти беше слично на податоците од САД.

Фото: Манекенка го истакна трудничкиот стомак

Убавата манекенка Бар Рафаели по трет пат е бремена. Атрактивната русокоса на улиците на Милано гордо го покажа трудничкиот стомак.

Израелската убавица  Бар рафаели која некогаш беше во врска со големиот холивудски заводник Леонардо Дикаприо, во бракот со бизнисменот Aди Езро го очекува третото дете. Бар и Ади веќе имаат две ќерки Лив и Ел.

Топ моделот  во опуштено издание сега е фотографирана на шопинг во Милано., а во преден план е нејзиниот стомак.

Фото: На Бред Пит годините не му можат ништо!!!

Холивудскиот актер Бред Пит ги „излуде“ жените од целиот свет. Годините не му можат ништо.

Славниот актер уште еднаш докажа дека за него годините се само обична бројка.

Во фотосесија за насловната страница на магазинот „ GQ" Бред само потврди дека како минуваат годините тој излгеда се подобро и подобро.

Фотографиите многу брзо се појавија на социјалните мрежи и буквално предизвикаа хаос.

Иако холивудскиот заводник е длабоко влезен во шестата деценија од животот тој и понатаму ги воодушевува жените со својот изглед.

Многу коментираат дека 55- годишниот Бред е како виното. Што постар тоа подобар.

Листа на најбогатите во „белиот спорт“ на светот!!

Спортската индустрија во последните неколку децении е една од најбогатите, спортистите посебно во последните 20-тина години заработуваат многу пари.

 Ако мислите дека најбогати спортисти се фудбалерите се лажете, тенисерите котираат многу подобро од што мислите.

Најбогат во светото на „белиот спорт“ е легендарниот тенисер а сега менаџер  од Романија, Јон Циријак. Тој е еден од првите Романци која се појавил на листата на милијардери на Форбс. Неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари.

Тенисерот со најголем број на Грен слем трофеи, славниот Швајцарец Роџер Федерер е вториот најбогат учесник во светскиот тенис со богатство од 450 милиони долари. Федерер покрај трофеите заработи и вистинско богатство пред се од спонзорите. Според финансиските стручњаци богатството на Федерер во следните години сигурно двојно или тројно ќе се зголеми.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа . Богатсвотот на српскиот тенисер се проценува на 200 милиони долари.

Зад Ѓоковиќ на листата на најбогати во „белиот спорт“ се Марија Шарапова со 195 мил. долари, Рафаел надал со 180, колку што е проценето богатството и на Серена Вилијамс. Високо котираат и Андре Агаси со 175, Енди мареј со 165 мил, Пит Сампрас со 150 и Џон Мекинро со 100 милиони долари.

притисни ентер