По цели девет години Ферари победи на Монца (ВИДЕО)

По девет години Ферари за прв пат победи на патеката во Монца , а победата и ја донесе Шарл Леклерк.

Леклерк ја доби втората по ред победа оваа сезона во Формула 1 , а воедно и прв пат по 2010 и победата на Алнсо , му донесе победа на туимот на Ферари на патеката Монца. По Големата награда на Британија , Леклерк во своето Ферари победи и на патеката во Монца и ја одби Гоелмата награда на Италија , на огромна радост на десетиците илјади фанови.

"Уште една одлична трка за мене. Сè беше совршено и  многу сум среќен за новата победа, втора по ред. Сепак, да се победи овде, во Монца е остварување на сонот и вреди 10 пати повеќе од освојувањето на друга трка", рече Леклерк.

По него следеа Валтери Ботас (Мерцедес) и Луис Хамилтон (Мерцедес).

Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

Ѓоковиќ заигра чочек со сабја на глава по победата во Дубаи (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на светот по мечот во Дубаи, не ги криеше доброто расположение и танцувачките вештини во ориентален чочек .

На Твитер беше објавен клип од танцот на српскиот тенисер, при што многумина коментираа дека Ѓоковиќ само ја продолжил традицијата, бидејќи и претходно биле објавени  снимките од неговото танцување со стомачни танчерки.

Овој пат, Новак успеа и да го балансира мечот на главата за време на танцот.

Навивачите на Баерн направија шоу на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Челзи и Баерн го играат првиот натпревар од осмина финалето  во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот.

Тешко е да се каже кој е фаворит во овој натпревар затоа што и двата тима ги имаат своите адути, но за Баерн е голем плус што ќе имаат фантастична поддршка во главниот град на Англија.

Неколку илјади љубители на германскиот шампион го окупираа центарот на англиската престолнина и направија пеколна атмосфера.

притисни ентер