Индија на Месечината го најде изгубениот лендер , се обновува контактот (ВИДЕО)

Индиската вселенска агенција соопшти дека на површината на Месечината го лоцирала лендерот Викрам ,со кого во саботата изгубија контакт пред самото негово спуштање на јужниот пол.

,,Спуштањето се одвиваше според планот и се беше нормално до височината од 2,1 километри над површината на Месечината. Тогаш беше изгубена врската со контролната соба на Земјата и леталото. Податоците се анализираат.” објави во саботата претседателот на Индиската агенција за истражување на вселената.

Вчера од организацијата јавија дека леталото Чандрајан 2 го лоцирало лендерот Викрам и дека во наредните 14 дена ќе се обидат да воспостават контакт со него.

Агенцијата се уште не објавила термичка снимка од лендерот , според која се наведува дека возилото е лоцирано.

Мисијата вредна 142 милиони долари е лансирана на 22. јули и со неа треба да се истражи јужниот пол на Месечината , каде до сега никој не слетал и за кој се претпоставува дека може да се најдат траги од вода.

притисни ентер