28 години независност, отворен патот кон НАТО и ЕУ

„Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија". Ова е референдумското прашање кое во 1991ва отвори ново поглавје за земјава.

95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат се изјаснија за самостојна и суверена држава. Се славеше на градскиот плоштад во главниот град. Државноста прва ја призна соседна Бугарија, по што следуваа и Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина. Првиот претседател на повеќепартиското собрание Стојан Андов осврнувајќи се на 28 годишнината од независноста за Канал 5 вели, државноста која ја означи тогашниот референдум, е оправдана.

Земјава измина речиси три децении независност одбележана со тешкотии како троцифрената инфлација на почетокот на деведесеттите, косовската бегалска криза, грчкото ембарго и конфликтот од 2001ва. И политичките кризи во изминатите години го забавија патот кон ЕУ и НАТО кој земјава го зацрта како своја иднина. Сепак Андов за десетина години ја гледа земјава како дел од овие структури но пред се да се справи со внатрешните предизвици како криминалот и корупцијата.

Со Преспанскиот договор и промената на уставното име земјава го деблокира патот кон НАТО и ЕУ. Со заокружувањето на процесот на ратификација на Протоколот за членство од сите држави членки на НАТО, се очекува до крајот на годинава или почетокот на следната, земјава и официјално да стане 30. членка на НАТО Алијансата. По неколку условени препораки од Брисел надежите се дека во октомври ќе го добие долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ.

МВР: ,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај од грчка страна

Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини ,,Дојрани“ и ,, Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денеска, во три групи

 Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јули. 

Почнувајќи од денеска 4 август, се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

– Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата се спроведува во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, на 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О и на 6 август (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, соопштија од МТСП.

Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска 4 август.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание.

Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско Езеро

Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето.

Поради временските услови вчера потрагата беше привремено прекината.

Во Полициската станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор", во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

притисни ентер