Битолската клиничка болница во „улога" на болницата „Свети Андре" во Париз

Во битолската Клиничка болница синоќа почна снимањето на филмот „Сирената во Париз", а сцените кои се снимаат во повеќе одделенија ја имаат улогата на француската болница „Свети Андре" во Париз.

На режисерот Матијас Малзју и неговиот тим, на познатата актерка Роси де Палма, но и нејзините колеги Роман Бохрингер, Никола Авине како и на нашата Лабина Митевска им обезбедивме одлични услови за работа без притоа да се влијае врз секојдневната работа во болницата, изјави за МИА, Зоран Лазаров, директор на Клиничка болница-Битола.

-Синоќа се снимаше во Одделението за ургентна медицина и во операционите сали, а денес снимањето на филмот продолжува во Одделението за уво, нос и грло, Службата за трансфузиологија и избрани лабаратории во болницата кои ја имаат улогата на француската болница во Париз, „Свети Андре". Најголем дел од нашите пациенти ниту забележаа дека ноќеска до раните утрински часови се снимаше филм, а така ќе биде и попладнево со професионалците учесници во филмот, посочи Лазаров и додаде дека веднаш по завршувањето на снимањето ќе биде отстранета информативната табла на која наместо Клиничка болница-Битола сега е поставена табла Болница „Свети Андре".

Филмот „Сирената во Париз" е белгиско-француска-македонска продукција, а македонски продуцент се „Сестри и брат Митевски"./МИА

Масовна акција за чистење на скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето

 Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена"-Скопје. 

Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Видео: Колинда облече боксерски ракавици и тренираше со „UFC“ шампионот

Хрватската претседателкаКолинда Грабар Китарович моментално е на турнеја во САД.

Таа во Њу Јорк ќе учествува на 74. заседание на Генералното собрание на ОН но претходно поседи неколку места во Америка.

Таа беше во Кливленд каде се сретна со „UFC“ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.

Миочиќ ја угостил претседателката во теретаната во која тренира а од неа на поклон добил хрватски дрес со број 10.

Потоа Колинда и Стипе облекле боксерски ракавици и направиле мал тренинг.

Еве и видео од тоа како претседателката боксува:

Паника меѓу патниците, авионот паѓал повеќе од девет километри

Патниците не летот на „Делта еирлајнс“доживеале шок затоа што авионот паѓал повеќе од девет километри.

За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл  е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.

Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.

Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.

Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.

притисни ентер