Индиското летало се подготвува за спуштање на јужниот пол на Месечината (ВИДЕО)

Индија се подготвува за историското спуштање на нивното вселенско летало Чандрајан 2 на јужниот пол на Месечината.

Се предвидува леталото да се спушти ноќеска , а според зиндиската вселенска агенција , доколку се се двива според планот , можно е леталото да слета околу 2.30 чаот на површината на Месечината. Научниците го одбрале токму овој дел од Месечината за слетување , зашто претпоставуваат дека таму може да најдат вода , односно јужниот пол да биде приспособен за идно населување на луѓето на овој земјин сателит.

Од леталото ќе треба да се ослободи роверот Прагјан , кој ќе ја истражува површината на Месечината и ќе праќа податоци за составот на почвата и за условите на овој дел , каде до сега никој не слетал.

Доколку биде успешна оваа мисија , Индија , по САД , Русија и Кина, ќе биде четврта држава која спуштила летало на Мелечината.

Во седиштето на Вселенската агенција во Бангалор слетувањето го следи и премиерот Нарендра Моди , заедно со уште 70 студенти од целата земја.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер