Но , ниту средбите со обичните граѓани не му појдоа од рака. Тој замина во Лидс , каде ссметал дека ќе се сретне со обични гласачи , кои ќе му изразат поддршка во неговите обиди за Брегзит по секоја цена. Но , наместо тоа го дочекаа лути граѓани , кои бараат од него да преговара со Брисел.
,,Треба да сте во Брисел и да преговарате .” , му подвикна еден човек , на што Џонсон неубедливо му рече ,,Преговараме”.
„Не преговарате! Вие сте тука во Морли, во Лидс“, одговори лутиот гласач. Џонсон дополнително го уверуваше дека работи во интерес на земјата, но попусто.
„Играте игри“, му рече граѓанинот. Сепак, некои од собраните минувачи го поддржаа Џонсон кога рече дека нацијата сака земјата да ја напушти ЕУ на 31 октомври.
Втората средба, чија снимка брзо стана вирална на социјалните медиуми, беше уште посрамна за Џонсон. Ова навидум започна добро. Еден постар господин со бастун дојде да се поздрави со Џонсон. И тогаш се наведна напред и му рече: „Те молам, напушти го мојот град“.
Џонсон остана зачуден за момент, но потоа со нервозна насмевка му одговори: „Да, многу скоро“. Непознатиот возрасен господин го потупкал на одење , но очигледно тоа не бил пријателски гест.