Фетаи : Не е битно кој ќе гони, важно е да има одговорност

Обвинителот Јовески сеуште не одговорил на барањето на Јанева но  извесно е дека предметите од СЈО ќе преминат во Основното јавно обвинителство.

Во очекување на одлуката на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески по барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева предметите од СЈО да преминат во редовното обвинителство, денеска консултации во Министерството за правда. На средбата освен министерката Рената Дескоска и Јовески, присуствувале обвинителката од СЈО Ленче Ристоска, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, академик Владо Камбовски.

Средбата на работната група доаѓа по вчерашното писмо на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ги овласти обвинителите да ги предадат предметите што се во судска постапка, истрага и предистрага. И од Обвинителството велат дека консултациите се уште траат а според најавите одлуката треба да биде позната утре кога и истекува рокот од три дена.

Еден од предметите кој се наоѓа во судска постапка е и случајот Монструм кој СЈО го презеде од редовното обвинителство. Иако на денешното рочиште требаше за прв пат да се слушаат бомбите за овој случај тоа не се случи бидејќи приватните разговори не се одделени од она што треба да го слушне јавноста.

Обвинителката Фатиме Фетаи, коментирајќи го барањето на Јанева вели дека не ебитно кој ќе го застапува обвинението во судница, туку правдата да биде задоволена.

Објаснување за тоа што ќе се случува понатаму со предметот поради како што велат неизвесната судбна на СЈО, побараа и семејствата на убиените момчиња кај Смилковско. Судијата Огнен Ставрев која ја води повторената постапка за петкратното убиство им појасни дека судењето нема да се врати од почеток бидејќи нема смена на судечки совет, туку единствено може да се променат обвинителите а во таков случај продолжува оттаму каде што застанале.

Дел од обвинителите во СЈО неофицијално велат дека биле изненадени од писмото на нивната шефица која се наоѓа во притвор за случајот Рекет, но сметаат дека е начин за да се продолжат овие постапки без притоа да дојде до застарување на кривичните дела. Ќе ја чекаат конечната одлука на Јовески но и тие се на став дека ниту еден од предметите нема да пропадне а и доколку заминат во новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција или пак се вратат во обвинителствата од каде што дошле постои правна можност пак да ги застапуваат овие предмети пред суд.

„Волстрит Џурнал“: Кинески хакери упаднале во мрежи на американски интернет провајдери

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“.

Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Кинеското министерство за надворешни работи денеска се огласи по повод оваа вест, соопштувајќи дека не е запознаено со хакерскиот упад кој е опишан во извештајот.

Во соопштението се истакнува дека САД и во минатото „измислувале лажни наративи за да ја обвинат Кина“.

„Во време кога кибер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, ваквиот погрешен пристап на САД само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница да најде заедничко решение преку дијалог и соработка“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг претходно ги негираше обвинувањата на американската влада и други субјекти дека користи хакери за упади во странски компјутерски системи. /МИА

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Рекорден број мигранти го преминаа Ламанш за време на викендот

Рекорден број од 973 мигранти го преминаа Ламанш вчера за да стигнат нелегално до Велика Британија на импровизирани гумени чамци, додека истовремено четири лица загинаа на море, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, кога беа регистрирани 882 премини. Со овие 973 мигранти, вкупната бројка за оваа година изнесува 26.612 лица кои пристигнале на британските брегови, најчесто од Франција.

Серијата бродоломи ја направија 2024 година најсмртоносна од 2018 година, кога започна овој феномен на прекуокеански преминувања.

Владата на Велика Британија под водство на лабуристичкиот лидер Киер Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција преку зголемување на депортациите и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци сега носат во просек по 52 патници, што е значителен пораст во споредба со 2020 година, кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од пристигнатите мигранти биле од Авганистан, 13 отсто од Иран, а 10 отсто од Виетнам. /МИА

притисни ентер