Светска премиера на новиот електричен „Porsche Taycan“

„Porsche“ го претстави својот прв, целосно електричен спортски автомобил пред јавноста со спектакуларна светска премиера што се одржува истовремено на три континенти

Спортскиот седан со четири врати претставува уникатно возило, кој нуди типични перформанси за едно „Porsche“ и поврзување со секојдневна употребливост. Во исто време, високо напредните методи на производство и карактеристиките на „Taycan“ поставуваат нови стандарди во областа на одржливоста и дигитализацијата.

Првите модели во новата серија се „Taycan Turbo S“ и „Taycan Turbo“. Тие се најсовремените модели на „Porsche E-Performance“ и се меѓу најмоќните модели што производителот на спортски автомобили моментно ги има во својот асортиман на производи. Помалку моќни варијанти на овие возила со погон на сите тркала ќе следат оваа година. Првиот дериват што ќе се додаде ќе биде „Taycan Cross Turismo“ на крајот на следната година.

До 2022 година, „Porsche“ ќе инвестира повеќе од шест милијарди евра во електромобилност.

Предводникот, „Taycan Turbo S“ може да генерира моќност до 560 kW (761 КС) во комбинација со контролата на лансирање (Launch Control), а „Taycan Turbo“ испорачува до 500 kW (680 КС). „Taycan Turbo S“ забрзува од нула до 100 км/ч за 2,8 секунди, додека „Taycan Turbo“ го комплетира овој спринт за 3,2 секунди. Turbo S има опсег до 412 километри, а Turbo располага со опсег до 450 километри. Најголемата брзина и кај двата модела со погон на сите тркала е 260 км на час.

„Taycan“ е првото возило со системски напон од 800 волти наместо вообичаените 400 волти за електрични автомобили. Ова е посебна предност за возачите на „Taycan“ на патот: за нешто повеќе од пет минути, батеријата може да се наполни со употреба на директен полнач (DC) од мрежата за напојување со голема моќност за опсег до 100 километри. Времето на полнење од 5 пет до 80 проценти „SoC“ (состојба на полнење) е 22,5 минути со полнење во идеални услови, а максималната моќност за полнење е 270 kW. Целокупниот капацитет на батеријата „Performance Battery Plus“ е 93,4 kWh. Возачите на „Taycan“, исто така можат удобно да ги полнат своите автомобили на стандардните домашни приклучоци..

„Taycan Turbo S“ и „Taycan Turbo“ имаат две исклучително ефикасни електрични мотори, еден на предната оска и еден на задната оска, со што автомобилот добива погон на сите тркала. И опсегот и постојаната моќност на погонот имаат корист од високата ефикасност на трајно синхронизираните машини. Електричната машина, менувачот и инверторот се комбинираат во компактен погон.

Двостепениот менувач инсталиран на задната оска е иновација развиена од „Porsche“. Првата брзина му дава на „Taycan“ уште поголемо забрзување од место, додека втората брзина со долг сооднос на менувачот обезбедува висока ефикасност и подеднакво големи резерви на моќност. Ова важи и при многу големи брзини.

Светската премиера на „Porsche Taycan“се одржа истовремено во Северна Америка, Кина и Европа. Најважните продажни пазари на новиот електричен спортски автомобил се на овие три континенти. Локациите на настанот се исто така синоним за три начини на одржливо управување со енергијата: Нијагарините водопади на границата меѓу американската држава Њу Јорк и канадската провинција Онтарио ја претставуваат хидроенергијата, соларна фарма во Нојхарденберг во близина на Берлин која претставува соларна енергија и фарма на ветерници на островот Пингтан, околу 150 километри од кинескиот град Фужоу во провинцијата Фуџијан што претставува моќта на ветерот. Овие природни сили ги перцепираме со сите наши сетила на ист начин како што доживуваме импресивно напојување на првиот електричен спортски автомобил од Porsche. Овој еднократен настан беше емитуван низ целиот свет преку преносот во живо на „NewsTV.porsche.com“.

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Маж се заканувал со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, уапсен е

Париската полиција уапси маж кој претходно беше осомничен дека се заканувал дека ќе активира експлозив во иранскиот конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, како што претходно изјавиле очевидци.

Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната и се заканувал со експлозив.

Мобилизирани се специјални сили, а од безбедносни причини сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото е прекинат.

Сајкоски од Битола: Платформата 1198 се обврзува на 150 милиони евра за домашното стопанство

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.

Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.

Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.

Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.

Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.

Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

притисни ентер