Поранешна боксерска ѕвезда се вработил како чувар и нокаутирал гостин (ВИДЕО)

Мелвин Гилард, поранешен УФЦ борач , кој сега работи како чувар во клуб , призна дека нокаутирал гостин пред клубот каде што работи во градот Денвер, Колорадо.

Боксерот пред суд призна дека го нокаутирал гостинот во тепачка минатата година , а сега излезе и видеото од безбедносната камера на кое се гледа тепачката.

Гилард го нокаутирал гостинот , кој пијан сакал да се врати во клубот , од каде претходно бил исфрлен.

Гилард го напушти УФЦ борењето пред пет години , а последната ММА борба ја имал минатата година во јапонскиот град Ризин , каде загуби од Гоми. На врвот на кариерата беше еден од најдобрите боксери во лесна категорија и кандидат за шампионска титула.

ВМРО-ДПМНЕ: Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден, а нема пари за да ги ослободи родителите од плаќање паушал за градинки.

Денес сме на местото на новиот скандал во чие средиште е градоначалникот Златко Марин. Марин преку општинската каса ќе плати речиси половина милион евра за реконструкција на веќе постоечки парк во време кога огромниот број на граѓани немаат паркови или пак истите се руинирани.

Марин ќе троши половина милион евра пари на граѓаните за прекопување на постоечки парк иако граѓаните бараат сервисирање и решавање реалните проблеми.

Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат.

Вистинското прашање е дали преку изградбата на паркот од половина милион евра каде веќе постои постоечки парк, не се перат пари на граѓаните на Општина Аеродром?

Зошто на тендерот е избран поскапиот понудувач и каква врска има оваа компанија со Марин ако се знае дека веќе истата ја изработуваше преплатената Боемска улица во Центар?

Златко Марин наместо да решава проблеми тој создава проблеми.

Општина Аеродром ја претвора во пералница на пари.

ВМРО-ДПМНЕ

ДИЖС:Од извршените увиди кај два субјекти нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во Вардар

 Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. 

Државниот инспекторат за животна средина -Скопје (ДИЖС) на 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, излезе на увид на посочената локација, земени се мостри кои се однесени во акредитирана лабараторија и во тек е нивно испитување.

– Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување, соопштија денеска од ДИЖС.

Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и е утврдено дека во момент на надзорот погонот Лужилница не бил во работен режим,односно производниот процес бил целосно сопрен.

– Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови.При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим,и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна, се појаснува во соопштението од ДИЖС.

Од ДИЖС информираат дека е извршен и визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје,и од истата истекувала безбојна отпадна вода од 100 м3/час.

– Од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, се наведува во соопштението од ДИЖС.

Инаку, стои во соопштението, ниту Либерти АД Скопје ниту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

Продолжен рокот за аплицирање за избор на понудувач за изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје

 Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. 

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, па наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање.

Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на официјална платформа на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0.

– Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за изградба на пречистителна станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП „Вововод и канализација" – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина, информираат од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје.

Оттаму ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.

– Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на [email protected] Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата, е 1 септември 2020 година до 12 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 септември 2020 година, најдоцна до 14 септември 2020 одина до 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска, посочуваат од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје.

притисни ентер