Адеми: Годинава почнува реформата за предметот по физичко во прво одделение

Оваа година во прво одделение одиме со тандем наставници за предметот физичко образование.

Следната година прво и второ одделение, па третата година прво, второ, трето итн. Сукцесивно за пет години ќе се заокружи реформата како што е предвидено и со Законот. Ова го изјави министерот за образование и наука Арбр Адеми, по свеченото отворање на основото училиште „Киро Глигоров" во населбата Капиштец во врска со текот на оваа реформа.

– Рековме дека оваа реформа ќе почне да се спроведува сукцесивно согласно со Законот, така што во прво одделение јас со мојата рака потпишав согласности за сите училишта кои доставија барање за ангажирање на дополнителен наставник кој е квалификуван за одржување на таа настава. Денеска додека бев тука моите колеги ме информираа дека од Министерството за финансии веќе имаме позитивен одговор, зборувам сите училишта на национално ниво кои доставија барање до кај нас, рече Адеми.

Реформата „тандем-партнер наставници", (одделенски наставник и предметен наставник на часот по физичко и здравствено образование) е предвидена од прво до петто одделение, а целта е подобрување на квалитетот на наставата по физичко образование, со цел унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура.

Во однос на дистрибуцијата на учебниците, посочи дека се одвива според динамиката која сме ја имале и секоја година и оти нема простор за загриженост.

– Тие учебници кои се обезбедени од наша страна преку постапка на откуп, тоа значи дека одредени издавачки куќи имаат ексклузивни права се додека учебникот има одобрение за употреба, тие веќе се обезбедени и дистрибуирани до сите училишта. На некои училишта можеби порано, на некои покасно, но јас верувам дека во текот на оваа недела ќе се заокружи тој процес. А за печатење, бидејќи имаме учебници за печатење, сега сме во фаза на постапка и евалуација на понудите. За брзо време ќе имаме електронска аукција за одредување на оператор, компанија, која ќе ги печати учебниците за кои Министерството ги има авторските права. Така што, оваа втора постапка не е спроведена неколку години наназад, рече Адеми. /МИА

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Рекорден број мигранти го преминаа Ламанш за време на викендот

Рекорден број од 973 мигранти го преминаа Ламанш вчера за да стигнат нелегално до Велика Британија на импровизирани гумени чамци, додека истовремено четири лица загинаа на море, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, кога беа регистрирани 882 премини. Со овие 973 мигранти, вкупната бројка за оваа година изнесува 26.612 лица кои пристигнале на британските брегови, најчесто од Франција.

Серијата бродоломи ја направија 2024 година најсмртоносна од 2018 година, кога започна овој феномен на прекуокеански преминувања.

Владата на Велика Британија под водство на лабуристичкиот лидер Киер Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција преку зголемување на депортациите и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци сега носат во просек по 52 патници, што е значителен пораст во споредба со 2020 година, кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од пристигнатите мигранти биле од Авганистан, 13 отсто од Иран, а 10 отсто од Виетнам. /МИА

Изгаснат пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово. 

Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.

притисни ентер