Турците самите се поразија во финишот на двобојот со Американците (ВИДЕО)

Американската кошаркарска репрезентација на два пати беше пред пораз во натпреварот против Турција , па сепак на крајот поберди со 93:92.

Со победата над Турците , Американците си обезбедија прво место во групата Е за Светското првенство во Кина. Поточно ,Турците два пати самите себеси се поразија. Прво на Американците им подарија продолжување , а потоа промашија четири слободни фрлања во последните девет секунди на продолжетокот.

Со 15 поени, Мидлтон беше најдобар стрелец на Грег Попович. Кемба Вокер забележа 14, а Jејсон Татум, Мајлс Тарнер и Џое Харис имаа по 11 поени. Со 23 поени и 14 скокови, Илјас беше најдобриот играч на натпреварот. Мелих Махмутоглу постигна 18, а Фуркан Коркмаз постигна 16 поени.

Во четврток Американците ќе играат против Јапонија, додека Турција и Чешка ќе се борат за второто коло.

Видео - фото: Трибините полни со деца, 20 000 деца навиваа за Партизан

Српскиот фудбалски клуб Партизан поради казна од УЕФА поради расизам доби забрана од присуство на навивачи на трибините на својот стадион во  европските купови.

Раководството на црно белите од Белград по долги преговори со УЕФА доби дозвола на трибините на стадионот да може да има само деца.

Во натпреварот од Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар од Холандија кој заврши без победник 2-2 , домашните фудбалери имаа фантастична поддршка од дури 20000 деца на трибините .

Овој натпревар токму поради децата беше забележан во целата Европа. Најпознатиот шпански спортски весник „Марка“ им посвети големо внимание на децата кои му дадоа голема поддршка на својот омилен клуб партизан.

Тиражниот весник е воодушевен од фактот што црно-белите од трибините имаа ветер во грб од 20000 навивачи на возраст до 14 години.

-Партизан,откако  УЕФА го санкционираше поради расизам на трибините на дуелот со АЗ Алкмар стадионот го наполни со деца. Бил постигнат договор децата од сите училишта во Србија да дојдат на стадионот и да навиваат за Партизан, напиша Марка.

Федерер: Плачев по загубеното финале од Ѓоковиќ на Вимблдон

Еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Швајцарец Роџер Федерер повторно проговори за антологиското финале против Новак Ѓоковиќ на годинешниот Грен слем во Вимблдон.

Во разговор за италијанската  „Газета дело Спорт“ Федерер зборувал за многу работи, но и за моментот кога доживеал емотивен колапс.

„Кога последен пат сум плачел?Пред два месеца на Вимблдон.На теренот ги сочував солзите, но кога седнав во соблекувалната тие потекоа и се расплакав, изјавил Федерер.

Освојувачот на најмногу Грен слем трофеи откри и како како ги слави победите.

-Сакам да славам со чаша шампањ. Еднаш дури и се опијанив. Тоа се случи кога го освоив Ју Ес Опен.Потоа ми беа потребни три дена да се рехабилитирам. Турнирот заврши во недела вечер, јас се опоравив дури во четвртокот.Се сеќавам на се, барот требаше да се затвори поради што порачавме повеќе пијалаци, за следните часови. Подоцна сфатив дека сме порачале премногу, дополнил Федерер.

Видео: Македонските одбојкари пречекани со трубачи и песна!!

Популарните „Спартанци“, машката одбојкарска репрезентација на Македонија по премиерниот настап на Европските првенства се врати дома.

На еврошампионатот во Словенија, нашите најдобри одбојкари остварија две историски победи над Белорусија и Словенија, но не успеаја да обезбедат место во осминафиналето.

Црвено-жолтите  со своите игри и однос кон националниот дрес оставија одличен впечаток на својот дебитански настап на едно големо натпреварување, со што  ги освоија симпатиите на цела јавноста.

При вчерашното враќање во Македонија, браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Деспотовски, Милев и останатите беа дочекани како што им доликува на едни вистински спортисти кои со целото срце  го носат националниот дрес. Со песна и трубачи од оркестарот на Џамбо Агушеви.

притисни ентер