Карциномот е водечки причинител за смртност во богатите земји

Срцевите болести веќе не се главен причинител за смртност во богатите земји, туку карциномот кој би можел да стане светски убиец број еден и во остатокот од светот.

Научниците во две големи студии во медицинското списание The Lancet објавија дека има промени во глобалната транзиција на смртоносни болести.

Додека кардиоваскуларните заболувања остануваат, засега, водечка причина за смртност ширум светот кај средовечните лица - што претставува 40% од сите смртни случаи - ова веќе не е случај во земјите со високи приходи каде ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања, покажаа резултатите од студијата.

"Нашата анализа откри дека карциномот е втората најчеста причина за смрт во светот во 2017 година, што претставува 26% од сите смртни случаи. Но, додека стапката на срцеви заболувања продолжува да опаѓа, карциномот би можел да стане водечка причина за смрт во целиот свет за само неколку децении “, рече Џил Дагенаис, професор на универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој беше еден од раководителите на исртражувањето.

Од вкупно 55 милиони смртни случаи во светот во 2017 година, велат научниците, околу 17,7 милиони починале од кардиоваскуларни заболувања.

Како причина на околу 70 проценти од овие заболувања се висок крвен притисок, висок холестерол, лоша исхрана и пушење - фактори на кои може да се влијае.

Во земјите со високи приходи, третманот на висок холестерол и притисок со лекови помогна да се намалат стапките на срцеви заболувања во последните децении.

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер